Почетна » Новости » Актуелно » Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, елегантна во фустан во бургундец нијанса во Њујорк

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, елегантна во фустан во бургундец нијанса во Њујорк

Премиерот Димитар Ковачевски во моментов е во Њујорк, а е придружуван од сопругата Елена.

Во рамките на промоција на иницијативата „Нула отпад“, првата дама на Турција Емине Ердоган организираше прием во Њујорк. Елена беше меѓу гостинките на настанот на кој беа и сопругите на лидерите на Франција, Латвија, Литванија, Естонија и Јужна Кореја.

Ова е прво протоколарно појавување на сопругата на Ковачевски. За важната пригода, Елена избра фустан од македонската дизајнерка Тања Кокев, која сподели фотографии.

Елена Ковачевска

„Г-ѓа Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Ковачевски вчера присуствуваше на прием организиран од Првата дама на Турција, г-ѓа Емине Ердоган. Ковачевска на приемот блесна во фустан со интересна бургунди боја од колекцијата Кокев Есен Зима 2021/2022“ - напиша Кокев на Instagram.

Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска

Концептот за „Нула отпад“ се темели на принципите на одржлив развој. Во општините во кои се применува, 99% од отпадот се третира како ресурс, а само еден процент завршува во депониите.

Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска Елена Ковачевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12081 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.