Почетна » Новости » Актуелно » Европска модна алијанса: Време е за просперитетна иднина во модата предводена од креативноста

Европска модна алијанса: Време е за просперитетна иднина во модата предводена од креативноста

Позелена, поиновативна, покреативна – на првиот самит на Гран Канарија, членовите на Европската модна алијанса (ЕМА) составија пакет мерки и постапки за одржлива и инклузивна иднина на европската модна индустрија.

Гран Канарската модна мрежа Moda Calida и локалната власт Кабилдо де Гран Канарија (Cabildode Gran Canaria) ги поканија членовите на Европската модна алијанса (ЕМА), кое беше основано во Франкфурт во јуни 2022 година. На 19 и 20 октомври се собраа во Маспаломас за време на Gran Canaria Swim Week- единствениот European Swim Wear Week– односно за нивниот прв самит.

Целта на самитот помеѓу 59 претставници од 23 европски земји беше да се дискутираат и договорат пакет мерки и што може да се спроведеза да го поддржат и промовираат потребниот процес на трансформација во европската модната индустрија. Алијансата, којашто се состои од 29 членки, вклучувајќи бројни модни совети, модни недели, истражувачки и образовни институции, претставува повеќе од 10.000 европски компании во модниот сектор, почнувајќи од микро-претпријатија до огромни корпорации.

Европска модна алијанса

Една од главните теми за време на состанокот беше „Зелениот договор“ (GreenDeal) формулиран од Европската унија во 2019 година од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за намалување на нето емисиите на стакленички гасови на нула до 2050 година. Според заложбата на ЕМА, модната индустријамора итно да придонесе кога станува збор за CO2 и уништувањето на животната средина преку огромното производството на текстил и големата модна потрошувачка.

Европската модна алијанса има за цел значително да придонесе за доведување на CO₂- до неутралност, до еколошки одржлива, нетоксична и целосно кружна текстилна индустрија и да подигне и поттикне свест кај модните производители, дизајнери и потрошувачи.

Европска модна алијанса

За таа цел, на состанокот во Гран Канарија се дефинираа четири главни точки на коишто треба да се засноваат целните мерки: одржливост, образование, политика и иновации.

Европската модна алијанса верува дека одржливоста и дигиталната промена, заедно со иновациите, образованието и мерките преземени на пазарот на трудот, ќе бидат клучни двигатели за модната индустрија да го направи својот текстил потраен, поправлив, повторно употреблив и има можност да се рециклира. За да се забрза оваа промена, ЕМА ќе се фокусира и на меѓукултурните размени и интеракции помеѓу креативците и ќе ги поддржи младите таленти како двигатели на промени преку акции, истражувања и кампањи.

Kарло Капаса, од Националната Комора на Италијанската Мода, вели: „Нашата мисија е да ги едуцираме модните потрошувачи и брендови за тоа што значи да се биде одржлив и да се укаже поголема вредност на креативноста, нагласувајќи ја нашата благодарност до сите оние кои стојат зад системот. Една од главните улоги на ЕМА е да ги вклучи брендовите-членки да раскажат што стои зад нивните производи и да ја претстават својата нова идеја за модата во иднина. Во соработка со ЕМА, можеме да им покажеме на другите индустрии што можеме да постигнеме кога работиме заедно“.

Во периодот од 2023 г. до 2027 г., Европската модна алијанса го преточува ова верување во четири главни цели засновани врз четирите главни точки:

1. Дефиниција за етички, социјален и одржлив кодекс на однесување за членовите на ЕМА и пошироко за модната индустрија.

2. Нов моден„Зелен договор“ на европско ниво што ја претставува модната култура и модниот бизнис, заснован на европскиот циркуларен и социјален моден екосистем споредзаеднички податоци и системи.

3. Создавање и спроведување одржлива и технолошка обука како и пракса за социјална и културна одговорност за клучните засегнати страни на ЕМА.

4. Зајакнување на генерацијата Z и новите генерации како водечки сили за вредностакај дигиталната, циркуларната и социјалната променаво модната индустрија.

Европска модна алијанса

Членовите се согласуваат дека визијата и целите на ЕМА мора да се преточат во конкретни планови и политички рамки во следните две до три години за да се поттикнат овие промени. Ова може да се постигне само со темелно разбирање на потребите и предизвиците на модната индустрија, особено кајкреативците и дизајнерите.

Светлана Богова Јовановска, од „Моден викенд Скопје“ вели: „Европската модна алијанса е важна и силна мрежа која, како ниедна друга, може да даде свој придонес во промената на европската и особено на македонската модна индустрија. На пат кон влегувањето наСеверна Македонија во Европската Унија, нашата земја мора да преземе одговорност за одржливост и да ја претстави нашата модна и културна ДНК во вистинско светло. ЕМА е можност за нашата модна индустрија да соработува и да ги сруши бариерите со европскиот пазар“.

Европска модна алијанса

За 2023 година, ЕМА ќе започне истражување ширум Европа преку своите членки за да ги истражи потребите и предизвиците на микро, малите, средните и големите претпријатија кои работат во модната и текстилната индустрија, како и образованието, истражувањето и други индустрии на засегнатите страни.

Стекнатото знаење од овој подвиг треба да ѝ овозможи на ЕМА да создаде своја политика според приоритетитесоодветна на тековното законодавство, меѓу другите и онаа на Европската стратегија за одржлив и циркуларен текстил и создавањето нови политики и програми на ЕУ за поддршка на модата и креативните индустрии. Целта е да им се даде на засегнатите страни јасна слика за европското законодавство - област во којаштоголем број креативни претприемачи сè уште не ги имаат разбрано во целост.

Дилис Вилијамс, од „Центар за одржлива мода“ вели: „Не треба само да менуваме темата на модата, туку да ги сменимеи нејзините правила и цели. Модата често се оценува во економска смисла според растот и бројките. Но, важно е да се создаде вредност и во културна смисла на зборот.

Да се пренесе што сѐ модата може да придонесе за доброто на луѓето и какво влијание, позитивно и негативно, има врз нашето општество“.

Освен тоа, ЕМА ќе ги вклучи и зајакне младите таленти и нивните гласови преку активен ангажман во лидерски улоги и активности во рамките на организацијата и веќе основаните брендови и организации.

Европска модна алијанса

Изјави од членовите на Европската модна алијанса:

КЕРОЛАЈН РАШ – БРИТАНСКИ МОДЕН СОВЕТ „Со заеднички вредности, јазик и разбирање на мерните алатки, за нашите дизајнери е од голема важност да кога ќе отидат во Франција, Италија, Германија, Данска или каде било на друго место, имаат еднакво разбирање на рамките, а тоа и се очекува од нив во однос на одржливоста. Ова особено важи за малите бизниси на кои им претставува навистина голем предизвик кога станува збор за тргување на глобално ниво. Колку повеќе бараме од нив да разгледуваат различни мерења и стандарди, толку им е потешко да тргуваат. Ова е можност да соработуваме и да ги срушиме тие бариери“.

ПАСКАЛ МОРАНД – ФРАНЦУСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ВИСОКА МОДА „Модата е многу повеќе од пазар, се работи за култура. Се наоѓаме во пазарна економија, а тоа, исто така, ги засега и оние кои не се на пазарот а треба да разберат дека креативната мода може да игра улога на глобална одржлива придвижувачка сила“.

КРИСТИЈАН АРП – МОДЕН СОВЕТ ГЕРМАНИЈА „Модата мора да се развива во културен и социјален контекст за да остане релевантна. Една од задачите на модните совети е да промовира и поддржи нова генерација дизајнери. Младите креативни луѓе имаат способност одржливо и иновативно да го променат модниот систем“.

СКОТ ЛИПИНСКИ – МОДЕН СОВЕТ ГЕРМАНИЈА „Европската модна алијанса е важна и силна мрежа која, како ниедна друга, може да даде свој придонес во промената на европската модна индустрија. Промената не се случува сама. Тоа е индустриска интеракција и тоа е EMA. Создадовме инструмент што допрва ќе се докажува во наредните години“.

СЕСИЛИ ТОРСМАРК – МОДНА НЕДЕЛА КОПЕНХАГЕН „Модната недела може да ја искористи својата позиција за да ги забрза промените како и да бара промени, односно да ја придвижи индустријата нанапред. Но, модните недели мора да преземат одговорност и за одржливост, имајќи го предвид намаленото количество ресурси во производството, пониските емисии на јаглерод, итн.

ЕДИ ШАНАХАН – СОВЕТ НА ИРСКИ МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ „Ако нашата цел е да создадеме одржлив моден екосистем, самата изработкануди две важни работи: висок квалитет и издржливост. Мораме да се залагаме за нив, да ги промовираме, развиеме и објасниме како тие додаваат вредност, не само во однос на цената, туку и во однос на културата“.

МИНЕРВА АЛОНСО САНТАНА – СОВЕТНИК ЗА ИНДУСТРИЈА, ТРГОВИЈА И ЗАНАЕТСТВО НА СОВЕТОТ НА ГРАН КАНАРИЈА „Бевме многу горди и почестени што го одржавме првиот годишен самит на ЕМА на нашиот прекрасен остров Гран Канарија за време на GranCanariaSwimWeek. Европската модна алијанса е силна мрежа на размена. Тоа ќе ни овозможи да се спознаеме со други искуства и да напредуваме во нашиот предизвик на Ecoisla за иновации и одржлива мода. На останатите членови им го нудиме нашето 26-годишно искуство како програма за јавна поддршка за модниот сектор. Самитот што се одржа во Гран Канарија значи почеток на заедничко дејствување, за подобрување на модната индустрија, како и рамка која ќе ни овозможи да научиме и да ги прикажеме нашите вредности“.

МАРИЈА ЛУИСА МАРТИНЕС ДИЕС - ГЛОБАЛНА МОДНА АГЕНДА „Традиционално, голем број од индустриските напори беа доброволни, но предложените регулативи треба да направат промена. Како дел од Стратегијата на ЕУ за одржлив и циркуларен текстил, постојат две клучни иницијативи што ќе влијаат на текстилот: Предлог директива за зајакнување на потрошувачите за „зелената“промена, која се очекува да ги охрабри потрошувачите да носат еколошки одлуки кога купуваат производи; и ESPR (Регулатива за екодизајн за одржливи производи), која ќе промовира поодржлив дизајн на производи и одржливите производи ќе ги постави како норма“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11456 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.