Почетна » Новости » Актуелно » Докторка од Велес апелира да запрат критиките кон здравствените работници и повеќе да се цени нивниот труд и пожртвуваноста

Докторка од Велес апелира да запрат критиките кон здравствените работници и повеќе да се цени нивниот труд и пожртвуваноста

Докторката Алмедина Хајдарпашиќ од Велес преку искрено писмо апелира до граѓаните да престанат да упатуваат критики кон здравствените работници и повеќе да ги ценат нивните труд и пожртвуваност.

„Не е секогаш сè во наши раце и нашиот непријател е немилосрден“ – пишува таа и порачува граѓаните да бидат искрени и прецизни кога повикуваат брза помош.

Медицинско лице

Дојде ред и јас нешто да кажам и верувам дека зборувам во име на сите колеги.

Од кога работам во итната служба сум се наслушала секакви критики за нашата работа и секогаш сум велела дека е под ниво да се одговори на злонамерни зборови, меѓутоа во една стресна ситуација за сите нас дојде ред да се кажат „два збора“.

Како функционира брзата помош:

Да, тие што ќе се јават мора да дадат точна адреса, а не асоцијации од типот кај мостот, кај продавницата, зад кошот. Не ретки се грешните податоци околу локацијата кои се причина да залудно лутаме, затоа и се препрашува затоа и се инсистира на податоци.

Да, прашуваме за болеста, симптоми и годините затоа што не е исто возрасно лице со нов напад на вртоглавица и 40-годишен со градна болка или 14-годишна со менструални болки и дедо со мозочен удар. Тоа се вика ТРИЈАЖА и е суровата реалност на оваа професија и тежината со која ние се соочуваме секој ден и одлуките кои мора да ги носиме.

Да, некогаш и 3 и 5 екипи да ги има, не се доволни затоа што за сите нивната состојба е најургентна.

Често пати се слушаат критики од типот ете ги пијат кафе, ете ги купуваат јадење... Да, ние сме живи луѓе потребна ни е и храна и одмор и пауза. Ти како поединец нè гледаш само во ситуации кога сме на пауза или кога пиеме кафе, не ме гледаш кога претурам во мракот помеѓу распарчени телата на 15 поединци прегазени од воз додека од околу ги слушаш лелеците на нивните блиски, нити нè гледаш како се ставаме под ризик да спасиме млад живот додека работиме под надвиснат камион од кој капе бензин или додека во рацете држиш нечиј мозок или нечиј откинат екстремитет. Тие работи само нас ни се врежани во меморија.

На сите ни е тешко во ситуацијава, ама е најтешко е да си подвоен помеѓу тоа дали да бидеш доктор и да го прифатиш ризикот или стравот дека ќе да ја однесеш болеста дома. Секоја одлука во оваа вонредна ситуација е врзана за милион протоколи, предрострожности и ризични одлуки за кои вие ништо не знаете додека плукате по порталите.

Никој од колегите ни еднаш од кога сум вработена не земал здраво за готово ничиј живот, но не е секогаш сè во наши раце и нашиот непријател е немилосрден. Уште во овие моменти мораме да се бориме со оние кои првично не се искрени со нас, даваат неточни и делумични податоци и нè ставаат во ризик и пак по завршената работа сме соочени со осуди. За тоа колку се почитува хипократовата заклетва на која толку се повикувате зборува бројот на заразените колеги по градовите, и за жал ќе биде поголем затоа што тоа е нашата реалност за која сме свесни и ризик кој одамна сме го прифатиле. Затоа кога ќе ве прашаме за адреса, години, симптоми, не е од желба да си разговараме со вас по телефон. Сè што бараме е малку разбирање и почит.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.