Почетна » Новости » Актуелно » Добре дојде полно со љубов: Како да им приредите топол пречек на саканите кои се враќаат дома за празниците?

Добре дојде полно со љубов: Како да им приредите топол пречек на саканите кои се враќаат дома за празниците?

„Најдобрите и најубавите нешта на светот не можат да бидат видени или допрени, туку само почувствувани во срцето.“

Во екот сме на празничната сезона, оној специјален период кога срцата ни треперат од радост и ни потскокнуваат од еуфорична среќа затоа што сме со најдрагите личности. Прегратките и насмевките летаат околу нас, а блискоста креира невидлива магија во воздухот која хипнотизира.

Сите едвај чекаме да се вратиме дома или да ги пречекаме саканите личности кои се враќаат оддалеку, излевајќи ја врз нив сета наша љубов. Иако многу добро ја знаеме важноста на собирите со семејството и пријателите, пандемијата нè поттикна уште поинтензивно да ги цениме тие незаменливи средби полни со искрена смеа и позитивни вибрации.

празници

Па така, деновиве многумина од нас со нетрпение ги дочекуваат саканите во своите празнично украсени домови. Ако ваша блиска личност се враќа дома, не пропуштајте да ѝ приредите топло добре дојде и да создадете спомени кои ќе ги паметите цел живот. А еве што е најважно за да го постигнете тоа:

1

Изненадете ја со слатка порака уште при нејзиното пристигнување на аеродромот, автобуската или железничката станица...

Покажете ја вашата креативност и погрижете се вашата сакана личност да го има дочекот кој го заслужува, кој ќе ѝ покаже дека ја сакате и ќе ѝ го стопли срцето. Првата средба по пристигнувањето назад е моментот за кој, колку и да се подготвуваме, секогаш нè начекува неспремни: секогаш е поемотивен од замисленото, се памти подолго од очекуваното. Креирајте голем шарен натпис кој ќе ѝ измами насмевка на личноста која ја пречекувате или погледнете го видеото на Халкбанк, кое може да ви послужи како инспирација за тоа како може и вие да ја искористите можноста за изненадување и обезбедување тројно повеќе прегратки при првата средба со вашите сакани.

Знаевте ли дека...

Халкбанк во неверојатно емотивна акција преку своите социјални медиуми јавно ги повика сите оние чии најдраги слетуваат на Меѓународниот аеродром Скопје да ги напишат деталите од летот и пораката со која ќе сакаат да ги пречекаат, а другото беше оставено на тимот на Банката, кој се погрижи саканите да бидат топло пречекани со широко отворени прегратки, насмевки и срца.

2

Одушевете ја со изобилство добра храна приготвена со љубов.

Знаете дека храната приготвена од вашите раце секогаш ќе биде највкусна за вашите најмили. Ги знаете вкусовите на саканата личност, па по пристигнувањето дома, изненадете ја со омилените специјалитети кои секогаш ѝ мамат насмевки и ја тераат да го каже она слатко „Мммм, превкусно“. Понекогаш љубовта навистина доаѓа преку стомакот.

3

Не штедете комплименти.

Убавите зборови се најбрзиот начин за да згреете нечие срце и да развлечете насмевка. Бидете инвентивни и дарежливи со позитивните епитети.

4

Разгалете ја со внимание.

Хо-хо-хо... Влезете во улогата на Дедо Мраз и подарете ѝ на саканата личност нешто со специјално значење за неа. Покажете ѝ дека не сте заборавиле што е она што ја усреќува и дека ги знаете нејзините желби и покрај физичката далечина. Оставете ѝ го подарокот на креветот или подарете ѝ го кога воопшто не го очекува тоа. Завиткајте го со внимание и не заборавајте да напишете порака која ќе ја натера силно да ве прегрне за да ви се заблагодари.

празници
5

Подарете и изнудете колку што е можно повеќе бакнежи и прегратки.

Ништо не вели „Те сакам“ погласно од топлите прегратки и бакнежите. Користете ја секоја можна прилика за тоа.

6

Откажете се од идејата за совршенство, најважна е ЉУБОВТА.

Празниците се време за семејството и за луѓето коишто најмногу ги сакате. По две години поминати во дистанцирање и изолирање, сега е најважно што сите сте на исто место и што конечно можете да надоместите за изгубеното време. Престанете да си создавате стрес трчајќи наоколу за да биде сè совршено. На вашите најмили нема да им биде гајле дали приборот е полиран или дали чашите ќе имаат совршен отсјај. Ним ќе им биде важно дека вашиот дом е секогаш отворен за нив, а дека вашето добре дојде е најтоплото на светот. Ним не им е важно сè да е совршено, па зошто да ви е вам? Опуштете се и уживајте во скапоцените моменти.

И за крај... ајде заедно да направиме ЉУБОВ да биде зборот на 2022 година!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12015 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.