Почетна » Новости » Актуелно » Дизајнерката Коцарева изработува маски и ги подарува, најавува помасовно шиење со својот тим за поголеми донации

Дизајнерката Коцарева изработува маски и ги подарува, најавува помасовно шиење со својот тим за поголеми донации

Моника Коцарева ја покажа својата хумана страна. Македонската дизајнерка секојдневно сама изработува по околу 20 маски и ги подарува на граѓани од ранливи категории, а најавува и проширување на акцијата со помош на својот тим.

„Во време на пандемија каде сите гледаат да заработат на маските кои ги произведуваат, јас се решив своеволно масовно да ги произведувам истите бидејќи сега се потребни повеќе од било кога“ - изјави Коцарева, која вели дека цели да ги поттикне и другите текстилни фирми или домашни работилници на поголема свесност околу сериозноста на оваа болест.

Коцарева - донација на маски

Како што веќе знаете нашите ателјеа во Охрид и во Скопје не работат поради ситуацијата со КОВИД-19 и вработените се пуштени дома за поголема нивна безбедност.

Како дизајнер се решив да се вратам назад на работа за да направам што можам повеќе маски, со цел луѓето да престанат секојдневно да купуваат нови - за една употреба.

Овие се многу удобни, растегливи маски кои можат да се перат.

Ќе продолжам да ги правам овој период бидејќи се потребни повеќе од било кога!

  • -За многу употреби
  • 100% памук

Официјално со мојот тим ќе продолжиме со работа на 4 мај, со цел да направиме маски во голема количина и да ги донираме во Охридските болници.

Ателје Коцарева

Коцарева - донација на маски Коцарева - донација на маски Коцарева - донација на маски Коцарева - донација на маски

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид, Универзитетската клиника за радиологија и онкологија во Скопје и Заводот за вработување во Охрид се досега пријавените институции каде ќе донираат Коцарева и нејзиниот тим.

Коцарева - донација на маски Коцарева - донација на маски Коцарева - донација на маски Коцарева - донација на маски Коцарева - донација на маски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.