Почетна » Новости » Актуелно » Дигитално талкање низ најпосетениот музеј: Лувр ја објави целата уметничка колекција онлајн и е бесплатна за сите

Дигитално талкање низ најпосетениот музеј: Лувр ја објави целата уметничка колекција онлајн и е бесплатна за сите

Најпопуларниот и најпосетениот музеј на светот ја направи достапна за сите целата уметничка колекција. Лувр овозможи со само еден клик да продрете во непроценливото богатство кое се крие во него.

Лувр

„Домот на Мона Лиза“ создаде онлајн платформа на која објави над 480.000 дела и сите љубители на уметноста и истражувачи можат да ги разгледуваат на: https://collections.louvre.fr/en/

Лувр Лувр

„Лувр ја брише прашината од своите богатства, дури и од оние најмалку познатите. За првпат, секој има пристап до целата колекција бесплатно од компјутер или смартфон, независно дали тие дела се изложени во музејот, позајмени или складирани. Уверен сум дека оваа дигитална содржина ќе ги инспирира луѓето да дојдат во Лувр и лично да ја истражат колекцијата“ – изјавил Жан-Лук Мартинез, претседател и директор на Лувр.

Лувр Лувр Лувр

Во 2018 година, музејот беше посетен од рекордни 10,2 милиони лица од целиот свет, но таа бројка опадна до 2,7 милиони во 2020 година поради пандемијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.