Почетна » Новости » Актуелно » Две венчаници од Вера Ванг, луксузна церемонија... Свадбените фотографии на ќерката на Бил Гејтс

Две венчаници од Вера Ванг, луксузна церемонија... Свадбените фотографии на ќерката на Бил Гејтс

Џенифер Гејтс заплива во брачните води. Ќерката на Бил и Мелинда се омажи изминатата сабота за Најел Насар.

Церемонијата и прославите се одржаа на имотот на парот во Вестчестер, северно од Њујорк.

Невестата изгледаше префинето во две венчаници изработени специјално за неа од Вера Ванг. „Вера и целиот нејзин тим беа прекрасни за соработка и го донесоа во реалноста мојот фустан од соништата“ – изјави среќната невеста за „Вог“.

Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар

Бил и Мелинда, кои пред 5 месеци соопштија дека се разведуваат по 27 години брачен живот, ја испратија нивната најстара ќерка до олтарот.

Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар

Џенифер и Најел со најблиските славеле под голем шатор. Поради пандемијата, сите гости биле вакцинирани и биле тестирани непосредно пред свадбата.

За организирањето на свадбата, која се проценува дека чинела 2 милиони долари, Џенифер вели: „Еден важен совет кој ни го дадоа беше да запомниме дека овој ден е за нас и за нашата љубов. Сметам дека тоа ни остана во центарот на мислите додека планиравме и исто така, се потрудивме нашите семејства и пријатели да уживаат“.

Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар Свадбата на Џенифер Гејтс и Најел Насар

Џенифер и Најел ги спои љубовта кон коњите и јавањето и извесно време тие се натпреваруваа низ целиот свет. Додека Најел сè уште е посветен на јавањето, неговата 25-годишната избраничка моментално е фокусирана на студиите по медицина.

Парот се вери во јануари минатата година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.