Почетна » Новости » Актуелно » ДА за мајчино млеко: Ја одбележуваме Светската недела на доењето

ДА за мајчино млеко: Ја одбележуваме Светската недела на доењето

Светската недела на доењето се одбележува секоја година од 1 до 7 август, за да се подигне свеста за важноста на доењето и неговата улога во животот на новата мајка и новороденчето. Станува збор за кампања која има за цел да ги стави во фокус темите околу доењето, да едуцира за важноста на мајчиното млеко и да го поддржи доењето како незаменлив процес, клучен за оптималниот развој на едно бебе.

Доење

Одбележувањето на Светската недела на доењето датира од раните деведесетти години, кога СЗО и УНИЦЕФ објавија меморандум за да го поддржат и промовираат чинот на доење. Во 1992 година, за првпат цела една недела беше посветена на активности и пораки кои го поддржуваат доењето. Уште од почетоците, во кампањата активно се вклучија 70 земји. Под мотото „Заложи се за доење: Едуцирај и Поддржи“, овогодишната недела на доењето се одбележува во повеќе од 120 земји ширум светот, координирана од Светската алијанса за доење.

Бенефициите од доењето се огромни. Додека ги штити бебињата од инфекции, помага за правилен развој на мозокот и го намалува ризикот од понатамошни здравствени проблеми, истовремено им помага на мајките да ги намалат контракциите на матката и постпородилното крварење. Исто така, го намалува ризикот од рак на гради и јајници кај мајките.

Доењето е голем предизвик и огромно емоционално искуство за новите мајки. Чинот на доење не само што му помага на малечкото во неговиот севкупен развој туку и помага на мајката подобро да се поврзе со нејзиното бебе и да создаде силни емоционални врски.

Светската Здравствена Организација и УНИЦЕФ препорачуваат новороденчето да биде задоено во првиот час од раѓањето и процесот на ексклузивно доење да не прекине во првите шест месеци, како би се овозможило оптимален раст и развој на бебето. Овие две организации го препорачуваат доењето дури и по воведувањето на прихрана и мајките би требало да продолжат со доење најмалку до втората година на детето.

Доење

Доколку сте жена која наскоро ќе го искуси процесот на доење или веќе доите, прочитајте ги следниве цитати кои ќе ве потсетат зошто доењето е најважниот чин во животот на една мајка и нејзиното бебе.

Инспиративни цитати за доењето

„Мајчиното млеко е храна за душата на бебињата. Бебињата во светот имаат потреба од што повеќе таква храна.“
Ина Меј Гаскин

„Бебе кое се храни на мајчината града е потврда за нашите корени во природата.“
Дејвид Сузуки

Доење

„Мајчиното млеко е симбол на сочувство.“
Далај Лама

„Доењето е метафора за тоа како функционира љубовта. Не одлучуваш колку љубов треба да дадеш. Едноставно, одговараш на потребите на саканото и му даваш толку радост колку што тоа бара.“
Марни Џексон

„Природната сила на доењето е едно од најголемите чуда на светот. Тоа е чиста љубов. Тоа е грижа и славење на волшебната радост од хранењето на нов живот. Доењето е да се ужива да се биде жена.“
Анвар Фазел

Доење

„При доење, освен млеко, децата ја добиваат и нашата енергија.“
Стивен Гаскин

„Доењето е подарок од мајката за нејзе, нејзиното дете и Земјата.“
Памела К. Виџинс

„Додека доењето може да изгледа како неправилен избор за некој родител, тоа е најправилниот избор за секое бебе.“
Ејми Спенглер

„Новороденчето има три барања: топлина од рацете на неговата мајка, храна од нејзините гради и сигурност од нејзиното присуство. Доењето ги задоволува сите три барања.“
Грантли Дик-Ред

Доење

„Мајчиното млеко е љубов претворена во храна. Само специјална личност може да ја сподели таа љубов.“
Непознат

„Мајчиното млеко, тестирано во период од милиони години е најдобрата храна за бебињата.“
Роберт Менделсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.