Почетна » Новости » Актуелно » ВИДЕО: Медицински лица од цела Македонија со аплауз меѓусебно се поддржуваат во борбата против коронавирусот

ВИДЕО: Медицински лица од цела Македонија со аплауз меѓусебно се поддржуваат во борбата против коронавирусот

Венко Филипче сподели видео од медицински лица од целата држава кои низ аплауз си даваат меѓусебна поддршка. Тоа се нашите херои кои од првите редови се борат со новиот коронавирус.

„Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижеа за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19“ – напиша министерот за здравство.

На медицинските тимови им беа доделени благодарници за нивната несебична и посветена грижа за заболените од КОВИД-19.

„На денешниот Светски ден за хигиена на рацете доделивме благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од КОВИД-19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ 8 Септември, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои.“

„Миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси. Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од КОВИД-19. Чистите раце спасуваат животи“ – стои во описот на фотографиите.

Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица Медицински лица

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.