Почетна » Новости » Актуелно » Вежбајте, хранете се здраво, намалете го стресот: Денес е Светскиот ден на срцето

Вежбајте, хранете се здраво, намалете го стресот: Денес е Светскиот ден на срцето

Денес се одбележува Светскиот ден на срцето. Светската федерација за срцето оваа година го промовира мотото „Користете срце за секое срце“ (Use Heart for Every Heart) во борбата и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања кои се водечки за смртноста на населението на светско ниво.

Светски ден на срцето

Светскиот ден на срцето е можност секој да размисли како најдобро да го искористи срцето за човештвото, за природата и за себе.

Победата над срцевите заболувања е важна за секое срце што чука.

Светската федерација за срцето ја објасни и поентата на овогодишното мото:

Користете срце – значи да се размислува поинаку. Да се носат правилните одлуки. Храбро да се дејствува. Да им се помага на другите. Да се придонесе за оваа важна кауза. Срцето е единствениот орган што можеме да го слушнеме и почувствуваме. Тоа го дава првиот и последниот знак на живот. Тоа е една од ретките работи со потенцијал да нè обедини нас како луѓе.

За секое срце – го вклучува користењето на сврзникот „ЗА“ , така што фокусот е ставен на секоја личност. Пораката за Светскиот ден на срцето има цел да допре до голем број луѓе како би се помогнало да се постигне кардиоваскуларно здравје за секое срце.

Светски ден на срцето

Грижата за здравјето најмногу зависи од нас самите. Животните навики кои ги имаме одредуваат со какви здравствени предизвици можеме да се соочиме.

За здраво срце, кардиолозите превентивно препорачуваат:

  • Секојдневна физичка активност од 30 до 60 минути. Физичката активност ја регулира циркулацијата на крвта и високиот крвен притисок.
  • Консумирање здрава храна. Консумирањето на овошје, зеленчук, мешунки, риба, маслиново масло не го зајакнува само срцето, туку и целиот организам.
  • Откажување на цигарите. Внесениот чад од цигари на телото му го одзема кислородот, така што го прави склоно кон артериосклероза.
  • Контрола на телесната тежина. Прекумерната телесна тежина може да биде опасна за срцето. Замислете го срцето како мотор кој треба да влече, секако дека би влечел побрзо ако товарот е помал.
  • Квалитетен сон. Срцето сака одмор. Кога спиеме, срцето работи побавно, така се намалува ризикот од хипертензија, тахикардија и аритмија.
  • Избегнување на стрес. Многу фактори придонесуваат за стресно живеење. Се препорачува вежбање и медитација, бидејќи истите можат многу да помогнат во справување со стресните моменти.
  • Редовни лекарски контроли. Болестите на срцето можат да имааат генетски предиспозиции. Редовните прегледи и анализите на крвта можат да помогнат во навремено откривање на кардиоваскуларните заболувања или да ги спречат.

Со мали животни промени може да го намалите ризикот од срцеви заболувања. Подобрете го квалитетот на живот и бидете пример за луѓето околу вас и за идните генерации.

Светски ден на срцето Светски ден на срцето Светски ден на срцето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.