Почетна » Новости » Актуелно » Women in Digital 2021: Онлајн дебата на тема - Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини

Women in Digital 2021: Онлајн дебата на тема - Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини

Телекомуникациската компанија А1 Македонија со задоволство ја најавува третата годишна конференција „Women in Digital 2021“ која ќе се одржи на 8 април со почеток во 13 часот, оваа година во целосен он-лајн формат чија содржина за прв пат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn.

Соедноставно вклучување преку LinkedIn на официјалниот профил на А1 Македонија, конференцијата ќе биде отворена за сите заинтересирани што сакаат да слушнат и да се вклучат во дебатата на една од најактуелните светски теми – Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини во дигиталната ера.

Истакнати жени–професионалци од реномирани македонски и странски компании ќе дебатираат за потребата од вештачката интелигенција, нејзината примена во работата, како и неопходниот развој и усовршување на потребните вештини за работа.

Women in Digital 2021

Со воведни говори, учесниците на конференцијата ќе ги поздрават г. Јетон Шаќири, Министер за информатичко општество и администрација, и г.Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија. На тема “Што значи притисокот на дигиталната трансформација и како податоците и AI алатките ќе ни помогнат во решавање на модерните проблеми“ конференцијата ќе ја отвори Ана Симиќ - Раководителка за маркетинг автоматизација и дигитална трансформација во А1 Телеком Австрија Групација. Во рамки на конференцијата ќе се одржи и панел-дискусија на која своите стручни ставови на темата ќе ги изложат истакнати успешни жени од бизнис заедницата - Ивана Доневска, Извршна директорка/Раководителка на секторот за податоци и аналитика, USAA банка Чикаго, Симона Атанасовска, Раководителка на оддел за развој и истражување во CodeWell AI Македонија, Ирена Ивановска, Раководителка на одделот за ИТ едукација во Семос Македонија и Маја Милосавлевска Наумовска, директорка на Одделот за техника во А1 Македонија.

Како компанија која посветено работи на овозможување на дигитализацијата во општеството, А1 Македонија со оваа конференција има за цел да ја поддржи и истакне улогата која жените ја имаат во бизнис заедницата и нивната улога која е особено важна во развојот, унапредувањето и примената на информатичката технологија.

Следете ја А1 Македонија страната на LinkedIn за да бидете во тек со најновите информации. Ве очекуваме на “Women in Digital 2021“.

Линк до настанот: https://www.linkedin.com/events/6783681935152619520/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.