Почетна » Новости » Актуелно » #InsideAtopicEczema: Да ја подигнеме свеста за атописката егзема

#InsideAtopicEczema: Да ја подигнеме свеста за атописката егзема

Како дел од кампањата отворено да се прикаже вистинското лице на атопискиот дерматит #InsideOfAtopicEczema, годинава по повод светскиот ден на атопискиот дерматит 14 Септември, се организира јавен предизвик до сите пациенти, негуватели и здравствени работници да ни се приклучат заедно со тимот на Institute во превртување на дел од облеката одвнатре нанадвор. Луѓето со атописки дерматит/егзема континуирано се соочуваат со чешање и неудобност, па дури и носењето облека може да биде неподносливо за нивната чувствителна кожа. Затоа целта е да се активира јавноста и да им се сврти вниманието на секојдневниот товар преку оваа акција на покажување на внатрешноста на виделина.

Придружете ни се на предизвикот #InsideAtopicEczema!

Атописка егзема

Преку искористување на моќта на дигиталните медиуми, предизвикот “Inside-Out” кој e дел од овогодинешната кампања на WAED 2022 (World Atopic Eczema Day) има за цел да ја подигне свеста за значењeто на атопискиот дерматит, преку креирање на виртуелен “флеш моб”.

Споделете и ре-споделувајте видеа и слики на поддржувачите на оваа кампања за да се прошири пораката до поголем број луѓе.

Кој може да се приклучи?

Корисниците на социјални медиуми (Facebook, Тwitter, Instagram)

Како да се учествува?

Изработете објава (фотографија или видео) во форма на Стори или Пост како превртувате дел од облеката одвнатре кон надвор (покажувајќи од внатрешниот дел на вашата облека).

Како да ги поставите вашите слики или видеа

Постирајте на вашите социјални медиуми на 14 Септември и тагирајте ги организаторете на капмањата (подолу може да ги најдете имињата на организаторите) и секако @institute.mk.

На објавите потребно е да се користат „хаштазите“ #InsideAtopicEczema, #AtopicEczemaDay

Атописка егземаПример на пост за социјалните медиуми

Придружете ни се!

Вашиот глас може да помогне да се направи разлика за пациентите со атописки дерматит!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.