Почетна » Новости » Актуелно » Cosmopolitan мета на критики за насловни страници со жени со прекумерна тежина и порака „Ова е здраво“

Cosmopolitan мета на критики за насловни страници со жени со прекумерна тежина и порака „Ова е здраво“

Британското Cosmopolitan поттикна жестоки дискусии со најновото издание посветено на здравјето.

Популарното списание објави корици со 11 жени со различни фигури со идејата да укаже дека здравјето не доаѓа во една големина. Но, две од насловните страници наидоа на остри критики поради пораката „Ова е здраво“.

Cosmopolitan Cosmopolitan

На фотографиите од Џесамин Стенли и Кали Торп многумина коментираат дека е мошне штетно да се прикажува прекумерната тежина како здрава, особено во време на пандемија. Имено, дебелината докажано ја зголемува веројатноста од појава на редица болести, а е ризичен фактор и во борбата со коронавирусот.

„Ова е сè само не здраво, престанете“; „Кои се овие луѓе кои се обидуваат да ја претстават обезноста како нешто нормално?“; „Неодговорно. Анти-здравје, анти-наука“ се само дел од негативните коментари.

Во исто време, не се малку и оние кои испраќаат аплаузи и пофални зборови за одлуката на списанието да вклучи жени со различни големини.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.