Почетна » Новости » Актуелно » 373 новозаразени и 18 починати од коронавирус

373 новозаразени и 18 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.489 тестирања, а има 373 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 196
  • Битола – 36
  • Охрид – 20
  • Кавадарци – 18
  • Прилеп – 17
  • Струмица и Гевгелија – по 11
  • Велес – 9
  • Крива Паланка – 7
  • Куманово и Штип – по 6
  • Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4
  • Тетово, Кочани и Делчево – по 3
  • Радовиш – 2
  • Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 8 од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две од Битола (67г и 72г) и по едно од Кичево (75г) и Штип (74г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Скопје (3), Битола(1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 320 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 175
  • Прилеп – 24
  • Битола – 19
  • Кавадарци – 18
  • Охрид – 13
  • Велес – 9
  • Гевгелија – 8
  • Штип – 7
  • Куманово – 6
  • Ресен, Тетово и Радовиш – по 5
  • Кичево и Валандово – по 4
  • Струмица и Кратово – по 3
  • Неготино и Кочани – по 2
  • Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.