Почетна » Новости » Актуелно » 365 новозаразени и 37 починати од коронавирус регистрирани во 24 часа

365 новозаразени и 37 починати од коронавирус регистрирани во 24 часа

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.820 тестирања, а има 365 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 166
  • Куманово 27
  • Битола 19
  • Струмица 17
  • Прилеп и Велес по 15
  • Кавадарци 12
  • Тетово 11
  • Кичево 10
  • Охрид, Свети Николе и Виница по 9
  • Штип 8
  • Ресен 6
  • Гостивар 5
  • Струга 4
  • Кочани, Берово и Македонска Каменица по 3
  • Крива Паланка, Радовиш и Дебар по 2
  • Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево по 1
коронавирус

Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (50г, 54г, 57г, 58г, 71г, 74г, 82г, 84г, 85г, 87г, 89г ), 8 лица од Струмица (63г, 64г, 66г, 70г, 71г, 76г, 76г и 79г), 4 лица од Битола (67г, 74г, 82г и 88г), по 3 лица од Тетово (56г, 60г и 67г) и Штип (63г, 72г и 77г), по 2 лица од Куманово (75г и 79г), Кавадарци (64г и 73г), и Кочани (77г и 88г), и по едно починато лице од Прилеп (82г), и Свети Николе (58г). Пријавени се 10 пациенти кои се починати во период од 15-25.04.2021, а од нив 8 се починати во приватна болница.

Регистрирани се 594 оздравени пациенти од:

  • Скопје 240
  • Битола 42
  • Куманово и Велес по 39
  • Прилеп и Гевгелија по 26
  • Гостивар и Струмица по 23
  • Штип 20
  • Кочани 15
  • Берово 14
  • Тетово 13
  • Охрид 12
  • Кичево 10
  • Свети Николе 8
  • Делчево 7
  • Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод по 5
  • Валандово и Богданци по 3
  • Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран по 2
  • Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11811 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.