Почетна » Новости » Актуелно » 327 новозаразени и 16 смртни случаи од коронавирус

327 новозаразени и 16 смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.740 тестирања, а има 327 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 159
  • Кавадарци – 25
  • Прилеп – 24
  • Битола – 17
  • Гевгелија – 13
  • Охрид – 12
  • Куманово – 9
  • Свети Николе – 8
  • Штип – 7
  • Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово – по 5
  • Кичево и Ресен – по 4
  • Струмица, Кочани, Неготино и Крушево – по 3
  • Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2
  • Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 6 од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две од Прилеп (40г и 82г) и по едно од Битола (67г), Кавадарци (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1) на возраст од 57г до 88г. Од нив, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 171
  • Кавадарци – 28
  • Прилеп – 25
  • Битола – 18
  • Куманово – 13
  • Кочани – 9
  • Радовиш – 8
  • Тетово и Штип – по 6
  • Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар – по 5
  • Велес и Кичево – по 4
  • Струмица, Гевгелија и Кратово – по 2
  • Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.