Почетна » Новости » Актуелно » 269 новозаразени и 15 починати од коронавирус

269 новозаразени и 15 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.449 тестирања, а има 269 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 142
  • Битола – 17
  • Охрид –16
  • Кавадарци и Струмица – по 14
  • Прилеп – 13
  • Велес – 9
  • Штип и Ресен – по 7
  • Валандово – 5
  • Тетово и Крива Паланка – по 4
  • Гевгелија и Неготино – по 3
  • Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2
  • Свети Николе, Берово и Крушево – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 2 од Скопје (73г и 84г) и по едно од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Тие се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1) на возраст од 57г до 93г. Од нив, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица во домашни услови.

Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 165
  • Прилеп – 30
  • Битола – 29
  • Кавадарци – 24
  • Куманово – 12
  • Охрид – 11
  • Радовиш – 10
  • Велес – 9
  • Струмица и Валандово – по 7
  • Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6
  • Кочани – 5
  • Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3
  • Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.