Почетна » Новости » Актуелно » 24 нови случаи на коронавирус кај нас, 2 пациенти се излекувани и пуштени дома

24 нови случаи на коронавирус кај нас, 2 пациенти се излекувани и пуштени дома

Бројот на заболени со КОВИД-19 во нашата држава достигна 201. Во изминативе 24 часа беа регистрирани 24 нови случаи.

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека 15 од нив се од Скопје, 4 од Куманово, 2 од Дебар и по еден од Охрид, Штип и Тетово.

Коронавирусот во Македонија

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје (123)
  • Дебар (43) од кои 2 починати
  • Куманово (15) од кои 1 починат
  • Штип (8)
  • Велес (3)
  • Охрид (3)
  • Кавадарци (2)
  • Прилеп (2)
  • Гостивар (1)
  • Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти.

За жал, новиот коронавирус однесе 3 животи кај нас. Вчера беше објавено дека иако медицинските лица упорно се бореле да ја спасат, почина и првата пациентка која беше поставена на респираторна машина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10387 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.