Почетна » Новости » Актуелно » 119 новозаразени, 297 оздравени и 5 починати од коронавирус во Македонија

119 новозаразени, 297 оздравени и 5 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.065 тестирања, а има 119 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 53
  • Куманово 9
  • Штип 4
  • Прилеп 13
  • Тетово 4
  • Струга 2
  • Велес 1
  • Битола 1
  • Охрид 1
  • Гостивар 6
  • Крива Паланка 1
  • Радовиш 1
  • Кочани 3
  • Пехчево 2
  • Берово 5
  • Делчево 6
  • Свети Николе 3
  • Кичево 3
  • Неготино 1
Коронавирус податоци

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од:

  • Скопје 56
  • Куманово 9
  • Штип 37
  • Прилеп 3
  • Тетово 4
  • Струга 85
  • Велес 13
  • Битола 6
  • Охрид 34
  • Гостивар 20
  • Струмица 3
  • Крива Паланка 2
  • Пробиштип 3
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 4
  • Виница 1
  • Кратово 1
  • Кичево 15

Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на КОВИД-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.914, бројката на оздравени пациенти е 10.507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.829.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10288 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.