Почетна » Новости » Актуелно » 1.822 новозаразени и 7 починати од коронавирус

1.822 новозаразени и 7 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.123 тестирања, а има 1.822 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 918
  • Битола – 198
  • Прилеп – 98
  • Куманово – 65
  • Кавадарци – 55
  • Охрид – 49
  • Штип – 42
  • Гевгелија и Радовиш – по 33
  • Струмица – 30
  • Велес – 28
  • Тетово, Кичево и Крушево – по 26
  • Неготино и Валандово – по 21
  • Гостивар и Кочани – по 18
  • Свети Николе – 15
  • Ресен – 14
  • Струга – 12
  • Делчево и Берово – по 10
  • Пробиштип – 9
  • Крива Паланка – 8
  • Македонска Каменица – 7
  • Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5
  • Виница и Кратово – по 4
  • Демир Хисар и Пехчево – по 3
  • Дојран – 2
  • Дебар – 1
ковид податоци

Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Делчево (70г и 77г) и едно починато лице од Скопје (89г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021-06.01.2022г. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 406
  • Охрид – 43
  • Битола – 37
  • Прилеп – 31
  • Кавадарци – 30
  • Струмица – 25
  • Куманово и Велес – по 14
  • Гевгелија – 11
  • Штип – 7
  • Радовиш, Неготино и Ресен – по 6
  • Кичево и Струга – по 5
  • Делчево – 4
  • Кочани и Берово – по 3
  • Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2
  • Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.