Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Почитта не се добива насила, туку се заслужува
Ловец на приказни

Почитта не се добива насила, туку се заслужува

Имам вујко кој е карпа од човек, само да влезе во просторијата самата негова појава е авторитетна. Кога ќе згрми со гласот, делува многу моќно. Јас како дете имав страв од него, но и многу го сакав и почитував како втор татко. Беше строг, но и многу праведен. Во времето на социјализмот, дванаесет години беше директор во едно училиште, затоа што советот на училиштето три пати по ред едногласно го избираше за таа функција. Иако по него се сменија неколку директори, избирани по партиска линија, интересно е тоа што и ден денеска неговите колеги му се обраќаат со директоре. И сѐ уште луѓето имаат почит кон него. Неговите колеги како анегдота ја раскажуваат случката за неговиот наследник, кога на состанок му се обраќал со директоре.

Некои луѓе се предодредени да бидат директори, лидери. Оние кои го предводат светот, водачи. Луѓе кои се способни да создадат ред, кои можат да преземат одговорност, почитувани од околината. Наспроти оние кои се предодредени да бидат, извршители, или во најлош случај нечии „робови“.

Лак за нокти од Кристијан Лобутин

Но зошто е тоа така?! Зошто некои се лидери, а некои извршители. Дали таквата личност се раѓа, или се создава. Јас би рекла дека некои луѓе имаат вродени предиспозиции за лидерство. Едноставно некои се создадени да наредуваат, а други пак немаат срце да се однесуваат така, и затоа секогаш ќе бидат во потчинета позиција. Секако не сите лидери се и добри личности, или пак не сите извршители се слабаци кои не сакаат да преземат одговорност. На некои едноставно не им била дадена шанса.

Најголемата болка за вработените е кога за шеф ќе им биде поставен човек без квалификации, тогаш навистина е многу тешко да се стекне почит, освен ако човекот е коректен и не се обидува да ги омаловажува оние кои се поквалификувани од него, туку напротив, да ги чува до себе и да ги употреби за доброто на компанијата. Тоа е човек кој можеби нема квалификации, но знае да менаџира со луѓе. Но, кога лидерот, директорот или раководителот, е безобразен и дрзок и ја користи својата позиција за да демонстрира моќ, за да се изживува со другите, тогаш тоа не е лидер, тоа е исфрустрирана личност, која се дограбала до ваква позиција. Тоа е грев од човек, за кој не вреди да се нервирате. Затоа што почитта тој никогаш нема да ја стекне со работа и со способност. Ваквите луѓе авторитетот го градат со „камшик“, тоа е втората работа што ќе постигне резултат и краткорочна почит.

Секогаш сум се прашувала зошто некои луѓе имаат потреба да критикуваат, да кажуваат за другите, да наредуваат, да навредуваат, да им наоѓаат маани, наспроти оние кои секогаш се коректни, нема да те навредат, знаат до каде е црвената линија и никогаш нема да ја преминат. И секогаш се потврдило едно нешто, оние кои бараат влакно во јајцето, тоа го прават од неспособност. Човек кој е способен и почитуван нема потреба да прави нешто со што ќе ги загрозува другите. Само човек кој се чувствува загрозено, има потреба да ги критикува другите, да ги озборува зад грб и сите оние долни работи, што ги прават несреќни и неспособни луѓе.

Лидерите се со крената глава, способни, секогаш достоинствени, никогаш не се служат со ниски удари, и кон своите вработени се однесуваат со почит. Луѓето кога ќе дојдат на функција, забораваат дека за сѐ има почеток и крај, па и за нивната функција. Не е работата во тоа да те почитуваат додека си директор или на некоја раководна функција, важно е почитта да не престане со твојата функција. Бидејќи почитта не можеш да ја стекнеш насила, од позиција на моќ, почитта навистина треба да се заслужи. А тоа се заслужува само со добри дела, никогаш со зло.

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10981 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.