Почетна » Колумни » За мајчинските работи » Поразлична смисла за романтика
За мајчинските работи

Поразлична смисла за романтика

Морам да признам, мајчинството промени сè во мојот живот, вклучително и врската со сопругот. Се сеќавам на деновите кога бевме само јас и тој, луди и откачени, спонтани и авантуристи. Одевме каде што дуваше ветрот, без да мислиме што се крие зад аголот, најверојатно затоа што немаше потреба да мислиме.

Често се шегувавме, приредувајќи си романтични средби еден на друг. Кафе на плажа на зајдисонце, неочекувана вечера на свеќи, ненајавена посета, ненадејно бегство од секојдневието. И сето тоа преплетено како пајакова мрежа со море од бацки и гушки и кажување по илјадити пат „Те сакам“.

Бракот не ја промени нашата смисла за романтика, ниту пак бременоста, но... потоа дојде мајчинството.

Семејство

Мојот свет започна да осцилира околу друга оска. Признавам, не личев повеќе на себеси. Бев истоштена, уморна, недепилирана, понекогаш на работ на лудилото, но и бескрајно заљубена во друга личност. Виновна сум, го занемарив, но и тој мене. Нашите приоритети се променија и тоа е вистината, колку и да сакаме да ја скриеме.

Да, понекогаш сонувам за тие денови. Понекогаш сакам да ја имам слободата да бидам спонтана, да го грабнам сопругот за рака и да заминеме некаде на неколку дена. Но, не чувствувам никаква празнина, напротив, поисполнета сум отсекогаш.

За мене, токму ова е вистинска љубов. Кога секојдневно правиме жртви еден за друг (и заедно за трета личност), кога ги газиме проблемите како мравки, кога ги пополнуваме финансиските дупки со здружени сили, кога се радуваме заемно со мали гестови... Како кога ме покрива откако ќе заспијам со нашето малечко на креветот, кога ми помага да го исмукам тепихот без да се испотам од глава до прстите на нозете, кога го заспива нашето дете за јас да можам да добијам половина час под тушот, кога ме поддржува во моите родителски одлуки.

Ја ценам секоја променета „миризлива“ пелена, секое наполнето шише, секој зготвен оброк, секоја прочитана приказна за добра ноќ, секоја прошетка во паркот за „мама да може да исчисти“ и секој ден поминат меѓу четири ѕида кога нашето дете е болно.

За мене е романтично кога ги гледам како си играат заедно додека јас го пијам утринското кафе, кога тројцата шетаме во паркот и заедно го креваме нашето дете за да ги прескокне дупките, кога вртиме со автомобилот низ улиците за едни мали очиња да се затворат, кога фамилијарно се бориме на подот. Во тие моменти остатокот од светот е излишен, а јас сум позаљубена отсекогаш.

Да, се сакавме во деновите пред бракот, но ова сега е вистинска љубов. Бидејќи повеќе не сме само заљубен пар, сега сме и семејство. Па, се разбира дека имаме поразлична смисла за романтика.

Автор: Лори ДеМама
Лори е „мама“ на едно дете, која најмногу се плаши од фактот што не може да ја предвиди иднината. Ја обожава организираноста, но е принудена да живее со хаосот. Останува будна до доцна навечер, а станува рано наутро, зашто така „краде“ малку време за себе. Постојано си ветува дека ќе започне да вежба, но нема магично стапче за да го продолжи денот за уште еден час. Искрено верува дека среќата ги следи храбрите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10368 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.