Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2019

Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2019

Копнеете по возбуда, динамични промени и нови почетоци? Јули е месецот кој ќе ве израдува и ќе ви ги исполни желбите.

Повеќе планети и Сонцето ќе патуваат низ лав, качувајќи ја страста на максимум. Овој месец ќе се раѓаат врски и ќе се зацврстуваат постоечките, а многумина ќе доживеат романтична авантура за паметење.

На 2 јули ќе настапи млада месечина и целосно затемнување на Сонцето, па овој ден ќе биде среќен за многу од нас, особено за припадничките на понежниот пол. На 16 јули ќе имаме и делумно затемнување на Месечината, што значи дека позитивните промени само ќе се множат.

Негативната вест овој месец е ретроградното движење на Меркур, планетата на комуникацијата од 8 јули до 1 август. Тоа значи дека големи се шансите за непотребни расправии и губење на значајни документи или податоци. Ако патувате, по неколку пати проверувајте дали имате сè што ви е потребно. Правете копии на сите важни дигитални податоци, за да си заштедите главоболки.

Најсреќни овој месец ќе бидат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.

Датум Случување
2 јулиМарс влегува во лав
2 јули☽ Настапува млада месечина во рак (целосно затемнување на Сонцето)
3 јулиВенера влегува во рак
8 јулиМеркур започнува да се движи ретроградно во лав
16 јули☽ Настапува полна месечина во јарец (делумно затемнување на Месечината)
19 јулиМеркур со ретроградно движење влегува во рак
23 јулиСонцето влегува во лав
28 јулиВенера влегува во лав

Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11165 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.