Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – март, 2015

Месечен хороскоп – март, 2015

Март ќе нѐ принуди да се збогуваме со монотонијата и ќе нѐ насочи кон динамичен живот.

Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе нѐ мотивира да ја негуваме љубовта кон себе и кон своето тело, а и да бидеме пообјективни и приземни при донесувањето на големи љубовни одлуки.

Сатурн со своето ретроградно движење во стрелец ќе нѐ подучи (во одредени случаи и на потешкиот начин) дека не треба лесно да им веруваме на луѓето и да им дозволуваме да ѕиркаат во нашата приватност.

Значаен небесен настан овој месец е настапувањето на младата месечина на 20 март. На тој датум ќе има целосно затемнување на Сонцето, но и ќе може да се набљудува појавата наречена „супермесечина“. Сето тоа носи радикални промени и смели нови почетоци.

Најголемо позитивно влијание во текот на март ќе почувствуваат рибите, но и овните ќе се израдуваат поради наклонетоста на небесните тела.

Датум Случување
5 март☽ Настапува полна месечина во девица
13 мартМеркур влегува во риби
14 мартСатурн преминува во ретроградно движење во стрелец
17 мартВенера влегува во бик
20 март☽ Настапува млада месечина во риби
21 мартСонцето влегува во овен
31 мартМеркур влегува во овен

Табела: најважните датуми за месец март и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.