Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2022

Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2022

Подготвени сте за свежи почетоци, бестрашно следење на страста и калкулирани потези на бизнис план? Април има за секого по нешто убаво.

Од астролошки аспект нè очекува период исполнет со новитети и позитивни пресврти, па со нетрпение ќе го очекуваме секој нов ден.

Првиот априлски ден носи млада месечина во овен, што ќе означи почеток на нови поглавја исполнети со потези со кои ќе излегуваме од зоната на комфорот.

Само пет дена подоцна, Венера ќе ја однесе љубовната магија во риби, истакнувајќи ни ги емотивноста, емпатијата и желбата да одржиме хармонична врска.

Комуникативниот Меркур ќе патува низ бик, учејќи нè да бидеме поконкретни и попрактични во комуникацијата. Не заобиколувајте во разговорите, одете директно на поентата, тоа ќе биде ценето од соговорниците.

Полната месечина на 16 април ќе ги извади на виделина нашите дипломатски способности, па ќе тактизираме и балансираме во разговорите како експерти.

Сонцето од 20 април ќе го осветли бик, носејќи ни едномесечен период полн со професионални и парични успеси.

Младата (сина) месечина на 30 април доаѓа со делумна соларна еклипса. Очекувајте ненадејни промени!

Најсреќни овој месец ќе бидат ОВНИТЕ и БИКОВИТЕ.

Датум Случување
1 април☽ Настапува млада месечина во овен
5 априлВенера влегува во риби
11 априлМеркур влегува во бик
15 априлМарс влегува во риби
16 април☽ Настапува полна месечина во вага
20 априлСонцето влегува во бик
29 априлПлутон преминува во ретроградно движење во јарец
30 априлМеркур влегува во близнаци
30 април☽ Настапува млада месечина во бик

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9518 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.