Почетна » Семејство » Дете » Д-р Катерина Василева Димовска: Сè што треба да знаете за Аспергеров синдром

Д-р Катерина Василева Димовска: Сè што треба да знаете за Аспергеров синдром

Сигурни сме дека терминот Аспергер синдром ви е познат. Но во овој текст д-р Катерина В. Димовска, специјалист педијатар, ги објаснува здравствените аспекти на истиот како дел од спектарот аутистични нарушувања, а зборува и за можните начини за справување во секојдневниот живот.

Што претставува овој синдром?

Аспергер синдром е невролошка состојба при која засегнатата личност доживува потешкотии на функционално ниво во социјалниот живот.

Согласно ДСМ 5-класификацијата, Аспергер синдромот припаѓа на пошироката група нарушувања на аутистичниот спектар Аutistic Spectrum Disorder group (ASD), каде што состојбите различно се дефинираат и опишуваат. Секое лице кое има Аспергер поседува свои специфични особености и минува низ комплетно различни искуства и е со различни симптоми, а кои се карактеристични само за таа дадена личност.

Сепак, одредени карактеристики може да бидат заеднички како на пример, моторните способности, фината моторика и проблеми со социјалната интелигенција.

Најчесто, лицата со Аспергер не се со низок коефициент на интелигенција. Напротив, тој може да биде нормален или висок, што ги прави овие лица успешни ученици и токму затоа само мал број од случаите на Аспергер биваат детектирани во детска возраст.

Поголемиот дел остануваат недијагностицирани сè до моментот на нивното вклучување во социјалната средина, општеството.

Значајно е да се спомене дека нивниот пат за достигнување на животните цели не е воопшто лесен. Потешкотии имаат во секојдневната социјализација, во нивната работна средина, секојдневните рутински задачи и во непланираните, ненадејни социјални интеракции.

Лицата со Аспергер користат посебен начин на фокусирање и извршување на зададената задача, опишан како начин на „тунел“. Тие немаат способност за извршување на повеќе задачи одеднаш „мултитаскинг“, па поради тоа лесно запаѓаат во состојба на фрустрација, преполнетост со негативни емоции, изливи на бес и лутина.

Аспергер синдром

Ваквиот проблем во секојдневниот живот кај лицето со Аспергер ќе ја измени неговата психосоцијална стабилност и ќе предизвика соочување со нова задача. Во одредени ситуации ќе бидат забележани од средината и ќе бидат стигматизирани.

Стигматизирачкото опкружување е силна препрека за таквите личности, и како последица на тоа развиваат стрес, анксиозност и депресија. Најголем дел од нив во поголема возраст ќе побараат психолошко советување.

Психотерапевтите првенствено користат традиционален пристап низ психодинамика и когнитивен пристап. Овие методи ги истражуваат потсвеста и сржта на емоциите кај личноста, со кои овие луѓе со Аспергер многу тешко се справуваат. Заради неспособноста да ги изразат своите емоции и отежната комуникација преку нивниот сензориум, кај лицата со Аспергер е потребна примена на посебен пристап на советување. Најчесто, психолозите се обидуваат со примена на визуелни методи да ги научат да ги контролираат и управуваат сопствените емоции, со крајна цел справување со фрустрациите и изградба на самодоверба.

Студија која била спроведена кај деца и адолесценти покажала дека когнитивно-бихејвиоралната терапија(CBT) има позитивен импакт кога била работена во групи.

Освен со својата исклучителност и оригиналност, во адултно доба тие се судираат со невработеност, подплатеност, губиток на работно место, неприфаќање од околината. Последично на тоа, овие лица имаат константна потреба од советодавна поддршка, која ги насочува кон правилен избор на својата професија, и ги учи како да ги јакнат своите добри страни, а да ги минимизираат своите слабости.

Во идеални услови потребно е вклучување на тренер за работа кој ќе ги насочува лицата со Асперегр во нивно професионално формирање и ќе им помага во одржување и истрајност.

Невронаука и невропсихологија и останати методи на дијагостика

Развојот на психологијата како наука се заснова на функцијата на мозокот и невролошкиот развој уште од најрана возраст. Во модерната ера психологијата не се издвојува, ами цврсто се поврзува со невронауката. Нивниот спој создава трета наука, невропсихологија, која согласно Светската здравствена организација е силно заинтересирана за варијациите на невролошките нарушувања кои го афектираат човечкиот ум, мисловниот процес, чувствата, емоциите, когницијата и однесувањето. Овие невролошки нарушувања го афектираат периферниот и централниот нервен систем, а од тука произлегува потребата од многу други испитувања на хемиско, структурно, клеточно ниво.

Аспергер синдром

Кога психолошкото советување и психотерапијата не се доволни, тогаш се вклучуваат и други методи на испитувања за дијагностика.

Електроенцефалографијата или попозната како ЕЕГ снимање е неврофизиолошка метода која ни дава важни информации за хемиските реакции и трансферот на невроналните импулси во мозокот. Преку ЕЕГ снимањето терапевтот добива информации за природата на електричните бранови, од каде тие потекнуваат, дали индицираат други патолошки состојби или само ги дообјаснуваат постоечките психолошки симптоми. На веќе започнат психолошки третман, ЕЕГ снимањето ќе ни овозможи следење на промените и евалуација на постигнатите ефекти од третманот. ЕЕГ техниката веќе ја има докажано својата вредност во состојби како АСД, АДХД, Нарушување на сонот и спиењето, но и други психопатолошки и невролошки состојби.

Neuroimaging техники како компјутерска томографија (CT), магнетна резонанца (MRI), магнетна резонанца со флер (fMRI), PET скенирање, даваат детални податоци за развојот на мозокот и неговата структура. Преку нив откриваме структурни абнормалности, функционална инсуфициентност на мозокот, коморбидитети и/или дегенеративни болести. Многу од состојбите како Аутизам, зависности, не-епилептични напади, психогени напади, депресија, деменција, па дури и шизофренијата се асоцирани со структурални промени на мозокот.

Спознавајќи го фактот дека човечкиот мозок поседува не само генетски туку и епигенетски потенцијал кој резултира во невропластицитет примената на модалитети во психотерапијата на долг рок, ќе овозможи на нефункционалниот мозок да се адаптира, да ја измени својата структура и да развие нови синапси и невронални врски кои консеквентно ќе создадат кај клиентот нови патеки на однесување, социјално прифатливи за средината.

Интеграцијата на неврофизиологијата и невропсихологијата е еден од предизвиците на невронауката која треба да развие нови модалитети за дијагностика и терапија.

Во Клиниката Жан Митрев располагаат со сите горе наведени дијагностички методи и секако со квалификувани лекари од областа кои можат да помогнат зa олеснување и поддршка во секојдневно функционирање на лицата со Аспергер синдром.

Медицина

Д-р Катерина Василева Димовска
Специјалист по педијатрија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.