Месечен хороскоп – јуни, 2016 | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – јуни, 2016

Месечен хороскоп – јуни, 2016

Јуни ќе ни биде како екстатично возење на ролеркостер. Уште на самиот почеток на месецот ќе има ретко случување – конфигурацијата наречена Голем Променлив Крст.

Голем Крст се нарекува настанот кога 4 планети се наоѓаат под агол од 90° или кога формираат квадрат меѓу себе. Големиот крст може да се разгледува и како две опозиции, т.е. поставеност на планетите под агол од 180°. Во Големиот Крст има по една планета во секој астролошки елемент (оган, земја, воздух и вода).

Овој месец Големиот Крст ги вклучува планетите Сонце и Венера, Јупитер, Сатурн и Нептун кои се наоѓаат во променливи знаци, т.е. во близнаци, девица, стрелец и риби соодветно. Поради тоа оваа конфигурација се нарекува Голем Променлив Крст.

Како ќе се одрази Големиот Крст на нас? Проблематичните аспекти ќе ни го зголемат стресот и ќе направат да се чувствуваме растргнати. Зголемен е ризикот за недоразбирања. Најверојатно ќе ја обмислуваме секоја една одлука по стопати и ќе претеруваме со анализирањето. Сепак, позитивната страна е што оваа конфигурација поттикнува промени. Ако станеме пофлексибилни и сме отворени за новости, лесно ќе го прескокнеме овој предизвик.

БЛИЗНАЦИТЕ ќе бидат најнаградени од небесните тела овој месец, но и РАКОВИТЕ нема да можат да се пожалат, бидејќи ќе црпат големи дози од позитивното влијание.

Датум Случување
5 јуни☽ Настапува млада месечина во близнаци
13 јуниМеркур влегува во близнаци
13 јуниНептун преминува во ретроградно движење во риби
17 јуниВенера влегува во рак
20 јуни☽ Настапува полна месечина во стрелец
21 јуниСонцето влегува во рак
30 јуниМеркур влегува во рак
30 јуниМарс преминува во директно движење во шкорпија

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8612 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.