Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2023

Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2023

Јули ќе ни донесе сè што посакуваме – забава, љубов и професионален напредок. Небесните тела се наклонети кон нас за да станеме најдобрата верзија од себеси.

Месецот започнува со полна месечина на 3 јули, кога ќе се набљудува и феноменот супермесечина. Ова е одличен ден за преиспитување на досегашните постигнувања во кариерата и кроење на планови за промени доколку се неопходни.

Под влијание на Марс, ќе станеме поорганизирани и уредни, а Венера до 23 јули ќе нè облева со романтика и ќе ни подарува незаборавни љубовни трепети. Сепак, имајте на ум дека откако на 23 јули Венера ќе стане ретроградна, ќе зачестат љубовните недоразбирања и кавгите за стари проблеми, бивши партнери... Ретроградните движења враќаат личности од минатото, па не се изненадувајте ако одеднаш ви заѕвони бившиот или ве контактира поранешен симпатија.

Сонцето од 23 јули ќе го огрева лав, правејќи нè посмели во секоја сфера од животот.

Најсреќни овој месец ќе бидат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.

Датум Случување
3 јули☽ Настапува полна месечина во јарец
10 јулиМарс влегува во девица
11 јулиМеркур влегува во лав
17 јули☽ Настапува млада месечина во рак
23 јулиСонцето влегува во лав
23 јулиВенера преминува во ретроградно движење во лав
28 јулиМеркур влегува во девица

Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Каде на летен одмор годинава?
  • 10%
  • 41%
  • 17%
  • 32%
Се испраќа...

(Вкупно: 3455 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.