Месечен хороскоп – јануари, 2017 | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – јануари, 2017

Месечен хороскоп – јануари, 2017

Новата календарска година ќе не исполни со надеж за подобра иднина и со ентузијазам за промени кај себе и во нашата околина.

Секоја година започнува со патување на Сонцето во дисциплинираниот јарец, поттикнувајќи нè да си поставуваме големи и амбициозни цели. Само напред, подгответе листа со „новогодишни резолуции“ и веднаш фрлете се во акција.

Венера, планетата на љубовта, хармонијата и убавината, речиси цел месец ќе престојува во риби, ставајќи акцент на духовната поврзаност во врската и потрагата по сродна душа.

Меркур, планетата на комуникацијата, до 8 јануари ќе се движи ретроградно, па сите треба да броиме до 3 пред да изговараме коментари кои имаат потенцијал да преминат во расправија. Не ризикувајте и ставете деликатен филтер на усните во правата седмица од месецов.

На 19 јануари Сонцето ќе премине во водолија, зачестувајќи ги хуманитарните активности и давајќи им сила на активистите.

Јарците ќе бидат ѕвезди во текот на јануари, но и водолиите ќе почувствуваат многу позитивни промени.

Датум Случување
3 јануариВенера влегува во риби
4 јануариМеркур со ретроградно движење преминува во стрелец
8 јануариМеркур преминува во директно движење во стрелец
12 јануари☽ Настапува полна месечина во рак
12 јануариМеркур влегува во јарец
19 јануариСонцето влегува во водолија
27 јануари☽ Настапува млада месечина во водолија
28 јануариМарс влегува во овен

Табела: најважните датуми за месец јануари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 32%
  • 11%
  • 57%
Се испраќа...

(Вкупно: 1529 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.