Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – СЕПТЕМВРИ, 2023

Месечен хороскоп – СЕПТЕМВРИ, 2023

Септември ќе биде владеан од ретроградното движење на дури ШЕСТ планети. Иако ќе наидеме на предизвици и се советува да го забавиме темпото, сепак ќе видиме многу светли точки.

Првата убава вест е што на 4 септември Венера, планетата на љубовта, ќе го прекине ретроградното движење, давајќи ни нови дози романтика и страст. Очекувајте нови додворувачи, незаборавни бакнежи и неочекувани авантури.

Меркур во првата половина на месецот ќе ни носи одложени патувања, проблеми со губење на податоци или документи, или пак, влошена комуникација. Откако на 15 септември Меркур ќе премине во директно движење, ќе испарат комуникациските проблеми и непосакуваните недоразбирања.

Сонцето на 23 септември ќе ја осветли вага и ќе ги направи врските постабилни и посериозни. Ако сте сингл, отворете го срцето и дајте им шанса на оние кои не ги сметате за ваш тип. Ќе се изненадите од привлечноста која може да ја имаат оние кои се поразлични од вашата замисла за идеален партнер.

Најсреќни овој месец ќе бидат ДЕВИЦИТЕ и ВАГИТЕ.

Датум Случување
4 септемвриВенера преминува во директно движење во лав
4 септемвриЈупитер преминува во ретроградно движење во бик
15 септемвриМеркур преминува во директно движење во девица
15 септември☽ Настапува млада месечина во девица
23 септемвриСонцето влегува во вага
29 септември☽ Настапува полна месечина во овен

Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14377 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.