Септември гледајте го како предвесник на добри вести.
Јупитер, планетата на среќата и богатството, и Сатурн, нарекуван и планета-учител, ќе ги прекинат ретроградните движења, отстранувајќи многу пречки пред реализацијата на нашите големи планови. Сонувајте амбициозно и скокајте во акција без страв.
Венера ќе нè потсети на убавината на љубовта и моќта на романтичните партнерства. Два е подобро од еден, нели? Бидејќи планетата на љубовта ќе патува низ лав, страста и силните чувства лесно ќе излегуваат на површина.
Енергичниот Марс на 10 септември ќе започне да се движи ретроградно, што значи дека ќе доаѓаат до израз тврдоглавоста, темпераментноста и љубомората. Никогаш не реагирајте со „вжештена“ глава. Бројте до 10 пред да кажете што било кога сте во расправија или желни да „расчистите сметки“ со некого.
ДЕВИЦИТЕ и ВАГИТЕ ќе почувствуваат најсилно позитивно влијание од небесните тела.
| Датум | Случување |
| 2 септември | ☽ Настапува полна месечина во риби |
| 5 септември | ☿ Меркур влегува во вага |
| 6 септември | ♀ Венера влегува во лав |
| 10 септември | ♂ Марс преминува во ретроградно движење во овен |
| 13 септември | ♃ Јупитер преминува во директно движење во јарец |
| 17 септември | ☽ Настапува млада месечина во девица |
| 22 септември | ☉ Сонцето влегува во вага |
| 27 септември | ☿ Меркур влегува во шкорпија |
| 29 септември | ♄ Сатурн преминува во директно движење во јарец |
Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
