Месечен хороскоп – НОЕМВРИ, 2019 | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – НОЕМВРИ, 2019

Месечен хороскоп – НОЕМВРИ, 2019

Ноември несомнено ќе ни донесе промени, а две планети ќе го прекинат ретроградното движење, што е одлична вест. Но, пред тоа да е случи, сите мораме да бидеме трпеливи и да ја гледаме светлината на крајот од тунелот.

Уште на првиот ден од месецот, Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе се пресели во стрелец, правејќи нè авантуристи во љубовта. Ќе експериментираме и ризикуваме, а спонтаноста ќе ни годи.

Во првите 20 дена од месецов, комуникативниот Меркур ќе се движи ретроградно во шкорпија. Ќе бидеме склони да се навраќаме на стари проблеми, да споменуваме партнери од минатото или да се обидуваме да ја обновиме комуникацијата со бивши. Ако некој ви се допаѓа, не се потпирајте на информации кои другите ви ги кажуваат за него. Верувајте им само на сопствените очи.

Прва планета која ќе го прекине ретроградното движење ќе биде Меркур, кој на 20 ноември ќе започне да се движи директно, враќајќи ги на вистинска патека нашите комуникативни вештини. На 27 ноември, во директно движење ќе премине и таинствениот Нептун во риби и ќе ни помогне да ги затвориме болните поглавја и да си го излекуваме срцето.

Најубав ден за сите знаци ќе биде 24 ноември, кога во стрелец ќе се случи космичка средба на двете најромантични планети, Венера и Јупитер. Средбата на овие две планети тука се случува само еднаш на 12 години, носејќи во нашиот живот заедничко патување со партнерот или романса со личност од друга култура или држава. Не, љубовта нема да познава граници!

Во текот на ноември, ШКОРПИИТЕ и СТРЕЛЦИТЕ ќе бидат најмногу наградени од небесните тела.

Датум Случување
1 ноемвриВенера влегува во стрелец
12 ноември☽ Настапува полна месечина во бик
19 ноемвриМарс влегува во шкорпија
20 ноемвриМеркур преминува во директно движење во шкорпија
22 ноемвриСонцето влегува во стрелец
26 ноемвриВенера влегува во јарец
26 ноември☽ Настапува млада месечина во стрелец
27 ноемвриНептун преминува во директно движење во риби

Табела: најважните датуми за месец ноември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2745 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?