Месечен хороскоп – март, 2017 | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – март, 2017

Месечен хороскоп – март, 2017

Подгответе се за динамичен месец. Движењето на планетите ветува возбудливи случувања, но и прогнозира дека ќе бидеме исправени пред многу предизвици.

Патувањето на Сонцето низ риби до 20 март ќе ја интензивира нашата емпатија. Ќе бидеме како сунѓери кои брзо ги впиваат емоциите на луѓето со кои сме опкружени. Тоа ќе ни помогне полесно да се поврзуваме едни со други. Љубовните партнери ќе ги продлабочуваат своите врски ако си дозволат да бидат ранливи и да ја разголуваат душата.

Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе се движи ретроградно од 4 март до 15 април, па големи се шансите да настанат „пукнатини“ дури и во најстабилните врски. Обновување на контакти со бивши партнери исто така е на повидок.

По 20 март и официјално ќе започне сезоната на овните. „Дружбата“ на Сонцето, Меркур, Уран и Венера во овен ќе нè направи непокорни. Нема лесно да се откажуваме од она што го сакаме и посмело ќе го кажуваме она што го мислиме.

Датум Случување
4 мартВенера преминува во ретроградно движење во овен
10 мартМарс влегува во бик
12 март☽ Настапува полна месечина во девица
13 мартМеркур влегува во овен
20 мартСонцето влегува во овен
28 март☽ Настапува млада месечина во овен
31 мартМеркур влегува во бик

Табела: најважните датуми за месец март и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 565 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?