Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2018 | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2018

Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2018

Насмевка! Ни претстои месец исполнет со позитивни случувања. Оптимистичката енергија на Сонцето во стрелец ќе биде засилена од Јупитер, планетата на богатството и среќата. Нивното заедничко патување ќе биде рецепт за успешен завршеток на годината.

Венера, планетата на љубовта и хармонијата, цел месец ќе се движи низ шкорпија, создавајќи идеални услови за нови врски, инстантно заљубување, изненадни предлози за брак и вести за бременост.

Љубовната хармонија може да биде нарушена само во првите шест дена од декември, кога Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно, зголемувајќи го ризикот од кавги. Важните разговори водете ги лице в лице за да избегнете недоразбирања. Од 1 до 6 декември исто така треба да бидеме повнимателни со изборот на зборови, да водиме дополнителна грижа за важните документи и потемелно да ги планираме патувањата.

За време на новогодишната прослава, Месечината ќе патува во шкорпија, заедно со Венера. Нивното танго ќе создаде прекрасна атмосфера исполнета со интензивна страст, возбуда и еуфорија.

Најсреќни несомнено ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ, но и ЈАРЦИТЕ силно ќе го почувствуваат позитивното влијание од небесните тела.

Датум Случување
1 декемвриМеркур со ретроградно движење влегува во шкорпија
2 декемвриВенера влегува во шкорпија
6 декемвриМеркур преминува во директно движење во шкорпија
7 декември☽ Настапува млада месечина во стрелец
13 декемвриМеркур влегува во стрелец
21 декемвриСонцето влегува во јарец
22 декември☽ Настапува полна месечина во рак

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4767 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?