Месечен хороскоп – април, 2016 | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – април, 2016

Месечен хороскоп – април, 2016

Небесните тела ветуваат дека април е месецот во кој со возбуда ќе го живееме секој миг. Динамичното раздвижување на планетите ќе ни покаже дека е тешко прецизно да се предвиди иднината, но тоа ни малку не значи да се откажеме од разработување на стратегии и тактики за остварување на нашите цели.

Сонцето ќе нè потсети колку е важно да бидеме независни, додека Венера, планетата на љубовта, ќе не поттикне да се бориме за нашите желби без компромиси. Не се задоволувајте со малку и ќе ви се отворат вратите кон повеќе.

Во втората половина на месецот, вкупно пет планети ќе се движат ретроградно, што не е честа појава. Ретроградните движења враќаат лица од минатото и стари проблеми, па наоружајте се со трпеливост и бидете подготвени за изненадувања.

Овните ќе почувствуваат на своја кожа најмногу позитивно влијание од планетите, но и биковите ќе добијат прекрасна најава за фантастичниот период кој им претстои.

Датум Случување
5 априлВенера влегува во овен
6 априлМеркур влегува во бик
7 април☽ Настапува млада месечина во овен
17 априлМарс преминува во ретроградно движење во стрелец
18 априлПлутон преминува во ретроградно движење во јарец
19 априлСонцето влегува во бик
22 април☽ Настапува полна месечина во шкорпија
28 априлМеркур преминува во ретроградно движење во бик
30 априлВенера влегува во бик

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4243 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.