Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2023

Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2023

Необични небесни активности ќе донесат возбудлив, непредвидлив и по малку хаотичен месец.

Август започнува и завршува со полна месечина, односно супермесечина, а дури ШЕСТ планети ќе се движат ретроградно, што е рецепт за неочекувани настани, непосакувани судири со проблеми и обновување на контакти со личности од минатото.

Сонцето ќе ни ја негува амбициозноста, ретроградната Венера ќе нè учи да бидеме потрпеливи во врските и ќе нè спојува со бивши партнери, а Меркур со ретроградното движење ќе ни ја поматува комуникацијата.

Марс од 27 август ќе стави акцент на сериозните врски и обврзувањето, засилувајќи ни го копнежот до себе да имаме некој којшто умее да ни го растрепери срцето и да ни ја излекува душата.

Полната месечина на 31 август е втора полна месечина во рамките на еден календарски месец, па се нарекува и сина месечина. Под нејзината светлина, ќе гледаме на позитивната страна на животот, низ розови очила.

Најсреќни во август ќе бидат ЛАВОВИТЕ и ДЕВИЦИТЕ.

Датум Случување
1 август☽ Настапува полна месечина во водолија
16 август☽ Настапува млада месечина во лав
23 августМеркур преминува во ретроградно движење во девица
23 августСонцето влегува во девица
27 августМарс влегува во вага
29 августУран преминува во ретроградно движење во бик
31 август☽ Настапува полна месечина во риби

Табела: најважните датуми за месец август и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Каде на летен одмор годинава?
  • 10%
  • 41%
  • 17%
  • 32%
Се испраќа...

(Вкупно: 3436 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.