• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

Зошто жените глумат оргазам?

23 ноември 2009, 05:21
  • cподели

Не е тајна дека жените многу често ги употребуваат своите актерски способности за да одглумат оргазам. Околу 70% од жените барем еднаш во животот успеале да го убедат својот партнер дека доживеале оргазам, кога всушност тоа не се случило.

СексДури 70% од жените, барем еднаш одглумиле дека доживеале оргазам.

Постојат различни причини кои ги поттикнуваат жените да одглумат дека го достигнале врвот на сексуалното задоволство. Најчести причини се:

Да ја зголемат самодовербата на партнерот

Мажите чувствуваат најголемо задоволство во моментот на доживување на оргазам, па затоа сметаат дека тоа важи и за нивната партнерка и веруваат дека сексот без оргазам е неуспех.

Најчесто мажите ја губат својата самодоверба откако ќе дознаат дека нивната партнерка не достига оргазам и тоа влијае многу негативно врз нивниот сексуалниот живот. За да ја зголемат самодовербата на својот партнер и да направат да се чувствува горд, жените глумат оргазам.

Таа „мала“ лага може многу да помогне за подобрување на сексуалниот живот, ако се употребува ретко. Ако мажот е уверен дека е добар во кревет, тој нема веќе да се плаши дека може да ја разочара својата партнерка, ќе му пријде на сексот со поголема самодоверба и тоа ќе резултира со подобар секс.

Да избегнат конфликт

Ако мислат дека не се доволно добри во креветот за да ја одведат својата партнерка до кулминација, мажите губат дел од својата мажественост. Тоа ги прави нервозни, напнати и склони кон расправии.

За да избегнат конфликт и да ја зачуваат насмевката на лицето на својот партнер, жените многу често лажат дека го достигаат врвот на сексуалното задоволство.

Да завршат со односот што побрзо

Кога жените не се расположени за секс, често ја користат глумата за да го завршат сексуалниот однос што поскоро.

Гледајќи ја својата партнерка како доживува оргазам, мажите повеќе се возбудуваат, а тоа ги носи поблиску до нивниот оргазам.

Да ја задоволат упорноста на својот партнер

Кога мажите знаат дека нивната партнерка не достигнува оргазам, чувствуваат дека треба да дадат сè од себе за да се случи тоа.

Така, може да се случи мажот толку многу да се труди да ѝ достави врвно задоволство на својата партнерката, што таа ќе започне да чувствува дека мора да одглуми, за да не го разочара.

Да ја зголемат сексуалната возбуденост

Женските воздишки освен што можат многу лесно да ја покачат сексуалната возбуденост кај мажите, можат и да им помогнат на жените во достигнувањето на врвната точка.

Глумењето на оргазам може да ја зголеми желбата за секс и возбуденоста кај жената, па крајниот резултат да биде вистински оргазам.

Tags
секс
оргазам

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.