Зимска бајка: Христина Пан пресреќна со трите ќеркички и сопругот на првиот роденден на малата Калија
Христина Младенов приреди вистинска „зимска бајка“ за првиот роденден на малата Калија.
Македонската блогерка, позната на социјалните мрежи како Христина Пан и нејзините три ќеркички носеа усогласени бели модни комбинации.
Семејните фотографии со сопругот Петар и девојчињата ја доловуваат целата радост на овој посебен ден.
Среќен роденден снегулке! ❄️Парчето што ни фалеше во нашата сложувалка за сè да има смисла...❄️🥹🤍 Те сакаме најмногу, сега си голема и те молиме од денес да спиеме конечно сите нормално! – напиша пред неколку дена Христина.
Во одделна објава, Христина им се заблагодари на сите коишто беа дел од прославата на нејзината ќерка.
Вчера нашата снегулка имаше зимска роденденска бајка.❄️ Ви благодариме на сите кои дојдовте и ни го разубавивте денот.😍 Ви благодарам премногу на сите, да сме здрави и живи и да славиме што повеќе убави моменти – напиша таа.
Христина минатата година остави тежок товар зад себе. Нејзината ќерка Тара ја доби битката со ракот и победнички заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје.