• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
На работното место

Зголемете си ја самодовербата

14 октомври 2009, 20:55
  • cподели

Самодовербата е прекрасна особина, ако ја поседуваш. Таа ти е сојузник кога сакаш да му се насмевнеш на непознатиот дечко на шанкот, да се претставиш блескаво на интервју за работа или да му се спротивставиш на шефот.

Секоја од нас може да си ја зголеми самодовербата, а еве како.

Самоуверена женаСамодовербата треба да биде стимулирана и постојано засилувана.
  1. Откријте ги вашите добри особини и способности. Самодовербата треба да биде стимулирана и засилувана постојано. За да го направите тоа, потребно е да ги знаете вашите способности и добри особини. Тоа пак можете едноставно да го постигнете со една мала вежба. Напишете ги на лист дваесетте најдобри особини и способности кои ги имате (интелектуални, емоционални, физички). Потоа, до секоја од нив напишете што ви помогнала да постигнете. Пример: многу сум зборлеста, тоа ми помага секогаш лесно да се вклопувам во разговор и да запознавам многу нови луѓе.
  2. Убедете се дека можете да научите и да направите сè. Самодовербата не значи да успевате во сè и да знаете што да правите во секоја ситуација, а значи да мислите дека сте способни да научите и да направите нешто што ви е потребно. Вашето мото треба да биде: „Ако не знам како да го направам, можам да научам“. Кога пред вас ќе биде поставена нова задача, ако не знаете како да се справите - не се предавајте. Не го прифаќајте тоа како пораз и тргнете во потрага по решение. Бидете убедени дека можете да научите и насочете се кон тоа.
  3. Избегнете го животот по шаблон. Многу често си создаваме наши мали ритуали како чистењето во недела или излегувањето во сабота вечер. Овие навики се потполно нормални и сигурно ви е удобно да ги имате. Но, кога ќе се појави некоја нова прилика, која можеби ќе го наруши овој шаблон, возможно е да не се чувствувате удобно да ја прифатите. Запрашајте се што сакате и бидете отворени за нови нешта. Ако ви понудат работа во нов град, не се плашете да ја прифатите.
  4. Истакнете се. Многу често потсвесно се обидуваме да бидеме дел од толпата, затоа што се плашиме да ни судат другите или да нè одбегнуваат. Дистанцирајте се од тоа што мислат другите. Изразете ја вашата индивидуалност. Дали тоа ќе биде преку облеката, музиката која ја слушате или вашето мислење - не е важно. Не бидете дел од толпата, за да бидете различни и специјални.
  5. Искажете го вашето мислење. Ако секогаш се согласувате со мислењето на другите, дури и кога вие сте на сосема друго мислење, тоа значи дека се плашите дека нема да им се допаѓате на другите луѓе ако застанете на спротивната страна. Кога ваш колега даде убава идеја која е прифатена од сите, а вие сметате дека има многу негативни страни, не се плашете да го кажете вашиот став. Кога веќе еднаш ќе застанете на спротивната страна, ќе забележите дека луѓето ќе ве ценат повеќе, затоа што сте застанале зад своите убедувања.
Tags
самодоверба
работно место

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.