• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Згодниот доктор од „Grey’s Anatomy“ за првите симптоми пред дијагнозата со АЛС: „Десната рака не ми функционира“

20 јуни 2025, 08:04
  • cподели

Ерик Дејн за првпат застана пред камерата за интервју по ужасната дијагноза со АЛС (амиотрофична латерална склероза).

52-годишниот актер, познат по улогата на згодниот доктор Марк Слоун во „Grey’s Anatomy“, ги сподели првите симптоми кои ги почувствувал пред да се упати на лекарски прегледи, рече дека десната рака не му функционира повеќе и призна дека семејството му е најважно од сè.

„Никогаш нема да ги заборавам тие три букви. Со мене е од моментот кога ќе се разбудам. Не е сон“ – рекол тој.

Ерик Дејн Ерик Дејн

Ерик одлучил да зборува за „сите кои ќе ја добијат лошата вест како него да знаат дека не се сами“.

„Ми се појави слабост во мојата десна рака. Вистината е дека тогаш не мислев ништо во врска со тоа. Помислував дека премногу пишувам или дека раката ми е изморена. Но, по неколку недели забележав дека ми се влошува и отидов кај специјалист за раце...“ – објаснил Дејн за првите симптоми.

Конечно, по 9 месеци се соочил со ужасната реалност дека има неизлечива болест која постепено ги убива нервните клетки кои се поврзани со мускулите и која ги засега рацете, нозете, говорот, дишењето и може да предизвика парализа.

„Сега имам една функционална рака. Мојата доминантна страна е десната. Левата ми функционира, десната комплетно престана да работи. Уште некој месец нема да ја имам ниту левата рака. Загрижен сум за моите нозе“ – рекол тој.

Ерик Дејн

Веста за здравствената состојба на актерот се рашири еден месец откако неговата сопруга Ребека се откажа од разводот и само еден ден откако таа го нарече „најдобар пријател“ за време на настан. Ерик и Ребека имаат две ќерки,15-годишната Били и 13-годишната Џорџија.

„Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Во моето срце не чувствувам дека ова е крајот од мене.“

„На крајот од денот само сакам да поминам време со моето семејство. Секој ден им кажувам колку ги сакам. Тие се сакани и го знаат тоа“ – рекол тој.

Ерик Дејн Ерик Дејн Ерик Дејн

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.