• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Жените се дотеруваат за да се импресионираат една со друга, а не за мажите

13 јуни 2011, 14:45
  • cподели

Жените обожаваат да се дотеруваат, да изгледаат привлечно и да добиваат комплименти. Иако се верува дека најголемата мотивација на жените да се дотеруваат е привлекувањето на машкото внимание, ново истражување тврди дека тоа не е вистина.

Најголем дел од жените со часови го усовршуваат својот изглед, но не за да добијат комплимент од мажи, туку за да добијат комплимент од друга жена.

Убава девојкаДве третини од жените преку дотерувањето се обидуваат да изнудат комплимент од друга жена

Според истражување на британскиот бренд Simple Skincare, две третини од жените преку дотерувањето се обидуваат да изнудат комплимент од друга жена, а 48% од жените повеќе би сакале да добијат комплимент од непозната жена, отколку од маж.

Причината за тоа е што жените сметаат дека другите жени се пооригинални кога даваат комплименти за разлика од мажите, за кои пак сметаат дека без размислување би им кажале дека се убави независно од тоа како навистина изгледаат.

Околу 25% од жените изјавиле дека најоригиналните комплименти кои ги добиле биле од непозната жена, а не од маж.

Шест од десет жени признале дека додека избираат што да носат за ноќно излегување, постојано мислат на своите пријателки и каква би била нивната реакција, а две третини изјавиле дека ако ја променат шминката или фризурата, поголема е веројатноста да добијат коментари од пријателките отколку од своите партнери.

Таквиот стремеж на жените да се импресионираат една со друга создава поле за натпревар. Околу 25% од жените сметаат дека постои натпреварување меѓу девојките за време на ноќното излегување.

Покрај комплиментите, жените се склони да даваат и критики, но не очи в очи. Третина од жените признале дека редовно ги озборуваат своите пријателки зад грб за нивниот изглед, а 10% признале дека никогаш не би ѝ дале убав комплимент на своја пријателка.

Во истражувањето учествувале 2000 претставнички на понежниот пол на возраст од 18 до 30 години.

Tags
жени-жени

Најнови

  • Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

    „Македонско девојче“, „Ако одам во Битола“... Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ одушевија со македонски песни

    Tue, 03/10/2026 - 22:35
  • Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ во Битола

    Модна и музичка грациозност: Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ создадоа магија во Битола

    Tue, 03/10/2026 - 17:55
  • Македонски Телеком

    Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

    Tue, 03/10/2026 - 17:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.