• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Жените понегативни за непланирана бременост од мажите

2 март 2010, 11:53
  • cподели
Непланирана бременост

Денес повеќето луѓе сакаат да станат родители во период кога се подготвени да гледаат деца и непланираната бременост најчесто не се прима со воодушевување.

Интересен е заклучокот од американско истражување во кој се вели дека мажите полесно ја примаат веста за непланирана бременост од жените. Цели 43% од мажите изјавиле дека би биле задоволни или малку задоволни доколку нивната партнерка неочекувано остане бремена, а само 20% од жените изјавиле дека би ја прифатиле веста со задоволство.

Истражувањето било направено во рамките на националната кампања за претпазување од несакана бременост, а во него учествувале илјадници мажи и жени на возраст од 18 до 29 години.

Дури и на возраст од 25-29 години, кога се доволно созреани за да гледаат дете, само 29% од жените би биле задоволни со веста за непланирана бременост. Од друга страна, половината од мажите на таа возраст би ја прифатиле таквата вест со насмевка.

Најверојатно жените не се воодушевени како мажите затоа што токму тие се директно засегнати од бременоста и поради тоа потешко го прифаќаат фактот дека ќе станат мајки.

Tags
мажи
жени
истражувања

Најнови

  • Вино на плажа: Кендал Џенер и Џејкоб Елорди заедно на одмор на Хаваи, фановите ги прогласија за најзгоден пар

    Tue, 05/19/2026 - 23:15
  • Заљубени и среќни: Адријана Лима насмеана до уши покрај Андре Лемерс кој нежно ја бакнуваше во Кан

    Tue, 05/19/2026 - 22:25
  • Октај Сејди

    „Ниедно мислење на овој свет не ми е поважно од сопствениот жар за работа кој Бог ми го дал“: Октај Сејди за патот до успехот

    Tue, 05/19/2026 - 18:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.