• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Жена, која го победила ракот и мислела дека не може да има деца, му кажува на брат си дека е бремена

16 јуни 2016, 11:48
  • cподели

Реакцијата на маж, кој дознава дека сестра му е бремена, ќе ве разнежни. Имено, на неговата 36-годишна сестра ѝ велеле дека не може да има деца како последица на хемотерапиите кои ги примала додека се борела со ракот на дојка на само 27 години.

Видеото беше објавено од Love What Matters, заедно со животната приказна на мајката. Во него, таа им подарува на својот брат и на неговата сопруга вино и им вели дека не може да пие алкохол во следните 9 месеци. Потоа, става пред нив по еден од позитивните тестови за бременост кои ги направила.

Еве ја нивната приказна во целост:

Во 2005 година, на 27-годишна возраст ми беше дијагностициран рак на дојка. Пред лекувањето, ми кажаа дека тоа може да влијае на плодноста. По години поминати во обиди за зачнување по природен пат и многу солзи, душевни болки и тага, ни соопштија дека јас сум на прагот на менопауза и дека нема да можам да имам деца. Скршени, вознемирени и целосно изгубени се преселивме блиску до моето семејство. Отидовме и на првиот информативен состанок за посвојување.

На 36 години, месец и пол по преселувањето, ми се слоши. Убедена дека тоа е од тајландската храна, десетина дена се обидував да се опоравам пред да почувствувам дека треба да купам уште еден тест за бременост. Кога излезе позитивен, не можевме да поверуваме, па купивме уште два, направивме тест преку крв и ултразвук. Да, бев бремена!!! Бебе чудо.

Со нетрпение чекав да му кажам на моето семејство, особено на мојот брат, кој никогаш не поверува дека не можеме да имаме деца. Со брат ми сме како најдобри пријатели. Ја снимивме неговата реакција. Син ми сега има 14 месеци и јас сè уште не можам да го гледам видеото без да се расплачам. Тоа ја покажува вистинската љубов на нашите семејства.

Моето момче е мојот свет. Благословени сме со ова чудо кое никогаш не мислевме дека ќе се случи. Нашите срца се исполнети.

Tags
бременост

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.