• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Здравствени придобивки од производите без лактоза

2 март 2020, 12:44
  • cподели

Млечниот шеќер наречен лактоза може да се најде во голем број производи, не само во млекото. Од лиснати пецива, маргарин, сосови и различни кремови – тој е практично насекаде и може да предизвика проблеми, особено кај луѓето кои се интолерантни на лактоза. Се’ повеќе луѓе решаваат да практикуваат исхрана без лактоза, дури и ако не патат од интолеранција, бидејќи нејзиното исфрлање од исхраната носи одредени здравствени придобивки. Тоа особено се однесува на млекото и млечните производи.

Безлактозната исхрана неретко се препорачува и на луѓе кои не се интолерантни, особено ако се препознае дека тие имаат непријатности и тегоби по консумирање на млечни производи. Исфрлањето на лактозата од секојдневната исхрана ќе ви помогне да се чувствувате подобро, да ги намалите стомачните болки и грчеви и да престанете да се чувстувате подуено. Дополнително, исхраната без лактоза ќе му овозможи на телото подобро да ги прима нутриентите од другите хранливи производи и со тоа помага за подобро варење на храната.

Алпско млеко

Сепак, целосното исфрлање на млечните производи не е добро бидејќи тие се составен дел од скоро сечија секојдневна исхрана и често се препорачуваат како идеални за одржување на здравјето на коските и забите. Но, во еден момент млечните производи можат да предизвикаат непосакувани реакции на дигестивниот систем и тоа е знак дека можеби треба да намалите со внесот на лактоза. Секако, не треба да се поврзува интолеранцијата на лактоза со алергија на млечни производи, бидејќи тоа се две комплетно различни состојби.

„Важно е да направите тест на лактоза за да дознаете дали сте интолерантни на лактоза или пак сте алергични на млеко. Интолеранцијата не е алергија или болест, но може да го намали квалитетот на живот. Но, доколку добро внимавате на исхраната, интолеранцијата нема да ви претставува проблем во секојдневниот живот“, вели Д-р Елена Манолева-Николовска, специјалист педијатар.

Како што напоменавме, исфрлањето на млечните производи скоро да не доаѓа предвид за голем број луѓе. А и не би требало, бидејќи една шолја млеко содржи 8 грама протеин, кој придонесува за подобар квалитет на кожата, ги храни мускулите и делува кон регенерација на оштетените ткива. Важно е да се напомене дека млекото се состои од сите незаменливи аминокиселини и претставува комплетен протеин кој се препорачува да се внесува секојдневно. Ако сакате да ја исфрлите лактозата од исхраната, а млекото и понатаму да биде дел од вашето мени, тогаш идеално решение би биле млечните производи без лактоза. На нашиот пазар веќе постојат млечните производи без лактоза на Лакталис МК – Алпско јогурт, млеко и кисело млеко, кои лесно ќе ги препознаете во локалните маркети по жолтата пеперутка што се наоѓа на амбалажата. Тие имаат понагласен, сладникав вкус, што ги прави совршени како додаток на утринското кафе или пак во комбинација со мусли или лиснати пецива.

Алпско млеко

Одржувањето на живот без лактоза ќе ви помогне во подобрување на дигестијата и подобро распределување на хранливите материи, потоа ќе ги намали стомачните тегоби и подуеноста, а со тоа ќе придонесе за поквалитетен живот без грижи. Доколку, пак, имате дигестивни проблеми, а не знаете дали се предизвикани од интолеранција на лактоза или алергија на млеко, можете да направите тест во некоја од лабораториите кои ги нудат овие услуги, како SynLab или Biotek.

Алпско млеко

Комерцијален текст

Tags
лактоза
Алпско млеко

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.