• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Затоа Бог создаде баба: Текст посветен на сите грижливи баби кои ги обожаваат внуците

13 јануари 2022, 10:11
  • cподели

Авторка со сладок текст допира до срцата на сите баби, сакајќи да им се заблагодари за нивната љубов и помошта во најтешките моменти од родителството.

Лорен Еберспекер е мајка на три деца која совршено добро знае дека секој родител има потреба од помош за полесно да се справи со предизвиците на животот со мали деца. Нејзиниот текст несомнено ќе ве трогне:

Баба

Бог погледна надолу од рајот и рече: „Ми треба нежна и грижлива душа“.

Затоа Бог создаде баба.

Му требаше некој кој ќе биде желен да станува пред зори, да го нахрани бебето и да ја одмори нејзината ќерка. Некој кој цел ден ќе прави оброци, па повторно ќе го нахрани бебето, ќе му ја промени пелената и ќе седи до доцна навечер за да ја здипли испраната облека.

Затоа Бог создаде баба.

Му требаше некој со силни раце за да турка лулашки со деца, но кои ќе бидат и доволно нежни за да нишкаат бебе за да заспие. Некој кој ќе ги кани внуците на колачи и млеко, ќе ги смирува расплаканите дечиња и ќе ја јаде вечерата ладна за да се осигури дека сите други ќе јадат топла храна.

Затоа Бог создаде баба.

Му требаше жена која ќе сака да остане будна навечер со новороденче со грчеви за нејзината снаа да може да поспие. Му требаше некој кој ќе прави пити и колачи и ќе има магични патувања до продавницата за сладолед. Некој кој ќе може да ги претвори врнежливите денови во големи авантури, кој ќе чита книги и ќе пее приспивни песни. Некој кој ќе се буди рано и ќе легнува касно за да се осигури дека сите се среќни, нахранети и стоплени.

Затоа Бог создаде баба.

Бог мораше да има некој кој ќе ги сруши правилата зад грбот на Мама, а кој потоа со намигнување и гримаса ќе рече „Мама рече не“.

Затоа Бог создаде баба.

Бог имаше потреба од некој кој е доволно силен за да ги држи за рака своите „девојчиња“ за време на најтешките години од родителството, а кој истовремено радосно ќе се смее кога не останува ништо друго освен да се плаче. Некој кој ќе го прекине миењето садови за да сподели мудрости и вистини со нејзината ќерка.

Затоа Бог создаде баба.

Тоа мораше да биде некој совршен чија љубов ќе биде бесконечна и никогаш нема да пресуши.

Некој кој ќе гушка, бакнува, прегрнува и скокотка, некој кој ќе кажува приспивни приказни и тајно ќе дава колачи. Некој кој ќе го собира семејството на едно место со својата силна љубов и сочувство. Некој кој ќе се кикоти, а потоа ќе ги гледа внуците со насмеани очи кога ќе речат дека никогаш не сакаат да си одат од куќата на баба.

Затоа Бог создаде баба.

До сите баби...

Бабички, бабушки, шеќерчиња, медчиња, мечиња... Ние би биле изгубени без вас.

Ви благодарам за дарот каков што сте вие.

Tags
баба

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.