• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Застанете! Ќе ви помогнам, ако ме слушате“: Измислено писмо од коронавирусот за луѓето

23 март 2020, 21:30
  • cподели

Видео со измислена порака од коронавирусот за луѓето деновиве кружи низ светот, а многумина се одушевени од пораката.

Застанете. Едноставно застанете. Не мрдајте.

Ова не е барање. Ова е задолжение.

Јас сум тука за да ви помогнам.

Овој ролеркостер излезе од шините.

Нема возови, училишта, трговски центри или средби во јавност.

Го уништивме ова лудо торнадо од илузии и обврски кое нè спречува да ги насочиме очите кон небото.

Погледнете ги ѕвездите, слушнете го звукот на морето, црцорењето на птиците, тркалајте се на ливадите.

Скинете јаболко од дрвото, насмевнете му се на животно во шумата, вдишете го планинскиот воздух, слушнете си го сопствениот глас.

Принудени сме да го паузираме ова.

Не можеме да го замениме Бог.

Имаме заедничка одговорност, како што сме имале отсекогаш, но вие заборавивте на тоа.

Соопштуваме:

Не сме добро, никој од нас не е.

Страдаме.

Минатата година, сите тие пожари ги вивнаа во пламен белите дробови на Земјата, но тоа не ве запре. Не ве запреа ниту глечерите кои се топат. Ниту фактот дека вие сте единствените виновници за шестото масовно изумирање.

Не ме слушавте.

Тешко е да слушате, кога сте постојано зафатени со искачување по скалилата за да го достигнете максимумот на вашиот комфорт.

Темелите на светот се рушат заради вашите материјални желби.

Јас ќе ви помогнам.

Ќе донесам пламени бури во вашето тело. Ќе ги задушам вашите бели дробови.

Ќе ве изолирам како поларна мечка на парче мраз на отворено море.

Можете ли да ме слушнете сега?

Не сме добро. Јас не сум непријател. Јас сум гласник, сојузник, сила која ќе го врати балансот.

Слушнете ме. Ќе завивам додека не ме слушнете.

Застанете. Замолчете. Слушајте.

Погледнете се во небото. Како ви изгледа?

Нема авиони.

Што е потребно за да се чувствувате задоволни и исполнети со кислородот кој ви е даден?

Зјапајте во океанот, како ви изгледа?

Зјапајте во реките, како ви изгледаат?

Погледнете ја Земјата, како ви изгледа?

Погледнете се себеси, како се чувствувате?

Не можете да останете здрави во толку болен екосистем.

Застанете.

Знам дека сте уплашени во моментов.

Не му се предавајте на стравот. Не му дозволувајте да ве надвладее.

Слушнете што има да каже, неговата мудрост.

Сега е време да научиме да се смееме со нашите очи.

Јас ќе ви помогнам, ако ме слушате.

Текстот го напиша Кристин Флинц, а видеото го изработи Даринка Монтико.

Tags
коронавирус

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.