• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Замина во легендите: Бора Чорба почина на 71-годишна возраст

4 септември 2024, 07:12
  • cподели

Борислав Бора Ѓоргевиќ замина во легендите. Вокалистот на рок групата Рибља чорба, кој беше познат како Бора Чорба, почина на 71-годишна возраст.

Бора Чорба

Тажната вест за неговата смрт беше споделена на официјалниот профил на Рибља чорба, а во соопштението пишува:

Почитувани пријатели,

Со тага и жалост ве известуваме дека нè напушти нашиот пријател и брат, Борислав Бора Ѓоргевиќ.

Почивај во мир драг наш Боки.

Борислав Бора Ѓоргевиќ
01.11.1952- 04.09.2024

Бора беше вокалист на Рибља Чорба од нејзиното основање во 1978 година. Неговото здравје долго време беше во критична состојба, а пред една недела одекна и лажна вест за неговата смрт.

Тој почина во болница во Љубљана, а според српските медиуми, имал проблеми со белите дробови.

Бора Чорба

Борислав Бора Ѓорѓевиќ е роден на 1 ноември 1952 година во Чачак. Својата младост ја поминал во Белград, а со музика се занимава од својата 13-та година.

Низ 70-тите години од минатиот век, тој основал многу бендови, како Заједно, Сунцокрет и Рани мраз (со Ѓорѓе Балашевиќ). Но, најголемата слава ја доживеа со Рибља чорба, која ја основаше во 1978 година.

Во текот на својата кариера, стана еден од најконтроверзните вокалисти во тоа време. Во 1990 година, Бора го издаде албумот „Коза ностра“, по што бил тужен за навреда на работничката класа на Југославија. Тој бил голем противник на владеењето на Слободан Милошевиќ и тој негов став го изразил преку албумот „Њихови дани“, кој го издал сам, без учество на својата група.

Бендот Рибља чорба важи за еден од најзначајните рок бендови од овие простори. Низ четиридецениското работење, популарната група сними 20 студиски албуми.

Бора има објавено и десетина книги, а неговата стихозбирка „Пустински остров“ освои награда од Академијата „Иво Андриќ“ во 2018 година.

Најнови

  • Марко Пејчиновски

    „Мајка ми замина прерано, но ме научи на најважното – верата во Бога“: Eмотивно интервју со неуморниот Марко Пејчиновски

    Wed, 01/14/2026 - 04:08
  • Златен глобус 2026

    Холивудски гламур: Модата на Златен глобус 2026

    Tue, 01/13/2026 - 19:28
  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.