• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„За ова се живее“: Родители шокирани, но пресреќни што ја добија првата еднојајчена тројка во Србија

12 декември 2025, 10:20
  • cподели

Во домот на Тијана и Лазар Дониќ никогаш не е здодевно.

Пред шест месеци, брачниот пар од Србија ги доби своите три идентични синчиња кои, како што вели таткото, донесоа „турбуленција“, но и среќа во нивниот живот.

Тијана и Лазар искусија вистинско медицинско чудо кога на почетокот од бременоста откриле дека ќе добијат не едно, не две, туку три бебиња. Тројката била еднојајчена, зачната по природен пат, а докторите рекле дека е првата таква тројка во Србија.

Информацијата дека носам тројка беше шок и големо изненадување за мене, а потоа и за сопругот. Тоа воопшто не го очекувавме. Кога отидов на преглед за докторката да ја потврди бременоста, ми рече дека гледа близнаци, но дека е рано и да дојдам по една недела за потврда. Кога повторно отидов, навистина беа близнаци, но покрај нив видела и трето бебе. Во тој момент се измешаа многу чувства – среќа, страв и исчекување. Најголемата грижа ми беше дали сите три бебиња ќе бидат здрави.

За среќа, бременоста поминала во најдобар ред, а Тијана на свет донела три здрави бебиња. Тогаш, конечно можела да издише со олеснување.

Родителите, кои имаат и 4-годишна ќеркичка, се постојано зафатени, од менување пелени, до хранење по еден час, а некогаш и подолго само за еден оброк. 

Малите Марко, Матеј и Михајло се идентични, но Тијана, Лазар и малата Лара веќе научиле да ги распознаваат.

Првиот месец не можевме лесно да ги разликуваме, морам да признаам дека ни јас не ги разликував. Подоцна, како што почна да им се менува обликот на лицето, најдовме кај секој по некоја препознатлива црта. Прво сопругот и јас, а сега и ќерката Лара, без грешка знае кој е кој.

Иако мајката признава дека животот со три мали деца има многу предизвици, таа вели дека сè се заборава кога ќе ги погледне своите малечки.

„Има многу предизвици, но во замена за ова што го имаме, ништо не е тешко“ - вели Тијана.

Тато Лазар бил пресреќен кога дознал дека семејството ќе му се зголеми за три мали члена. 

Бев пресреќен. Прво дознавме дека се близнаци, бев пресреќен. А кога слушнав дека се тројки... Дотогаш ни не размислував, иако знаев дека постојат тројки и четворки, но не ни помислував дека може да ни се случи нам. Чувството е прекрасно... Животот со четири деца е бурен и прекрасен. Тоа е нешто за што вреди да се живее.

ФОТО: Screenshot / Telegraf.rs Youtube

Tags
тројка

Најнови

  • Зимска трансформација: Сезона за нежна, но трајна промена на навиките

    Fri, 12/12/2025 - 11:24
  • Саша Ковачевиќ за саканата: „Се женам со Зорана поради нејзина сигурност, не би сакал ќерка ѝ да ме вика тато, јас не ѝ сум татко“

    Fri, 12/12/2025 - 11:07
  • „За ова се живее“: Родители шокирани, но пресреќни што ја добија првата еднојајчена тројка во Србија

    Fri, 12/12/2025 - 10:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.