• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Вози право, вози здраво“ по третпат во Скопје

17 мај 2017, 13:39
  • cподели

Веќе трета година по ред Стопанска банка АД - Скопје ги повикува љубителите на тркала да земат учество во ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ по улиците на Скопје со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на овие чисти транспортни средства.

Секако, со учество во настанот заедно собраните извозени „метри“ ќе бидат повторно преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедска култура.

„Вози право, вози здраво“ vol. 3 е овојпат во пролетна шема со повеќе интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк. Ревијалната трка е предвидено да почне во 12 часот од Порта Македонија, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на денот пред трката на пултовите веќе од 11 часот.

Вози право, вози здраво

На ревијалната трка учество повторно може да земат сите наши сограѓани кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка на линкот за регистрација https://apply.stb.com.mk/vozipravovozizdravo

Во меѓувреме, во Градски парк, позади споменикот на Гоце Делчев каде ќе биде поставена бина на посетителите понудени ќе бидат бројни забавни содржини како настапот на Beta House, претстава со Тања Павловска Кочовска, игри, подароци, предизвици и други изненадувања.

Секако, за сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а редните броеви на учесниците ќе бидат дел и во извлекувањето на наградната лотарија согласно категоријата во која припаѓаат:

  • Fixie & Specialized велосипеди, GoPro камери, Hover Board-и, СЕМОС обуки, спортска опрема и други вредни подароци.

Стопанска банка АД - Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи, директно влијае врз заштитата на животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да застапува една значајна тема како што се чистите форми на транспорт.

Па така, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за точаци, нашите вработените се почесто ги користат како превозни средства, а граѓаните на Град Скопје веќе една година активно го користат СТБ Детскиот велодром, а од неодамна на располагање имаат 5 модерни станици за поправка на велосипеди а во тек е поставување на над 100 паркинг позиции, на локации договорени со активистите кои се борат Скопје да прерасне во велосипедски град.

Во таа насока, Банката повторно го организира „Вози право, вози здраво“ и ја повикува јавноста за учество и поддршка на настанот и целта која ја застапува.

Воедно ве известуваме дека за максимална заштита на учесниците, согласно законските прописи в сабота, на 20.10.2017 ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје.

Разгледајте ја и мапата на патеката, а сообраќајните знаци и претставници на сообраќајната полиција ќе го пренасочуваат сообраќајот согласно изработениот проект.

Вози право, вози здраво

Стопанска банка АД - Скопје им благодари на сите учесници во сообраќајот за разбирањето, поддршката и трпението.

Tags
Стопанска банка АД - Скопје
Стопанска банка АД
Вози Право Вози Здраво

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.