Возеше пијан, полицаецот не го препозна... Снимката од апсењето на Џастин Тимберлејк која сакаше да ја забрани за објава
Џастин Тимберлејк не успеа да го спречи објавувањето на снимката од апсењето поради тоа што возеше во алкохолизирана состојба.
45-годишниот пејач се најде во центарот на медиумското внимание во јуни 2024 година, кога беше уапсен и одведен во полициска станица. Сега, речиси две години подоцна, беше објавен видеозапис од тој момент.
Инцидентот се случи во Њујорк, кога музичарот беше запрен поради сообраќајни прекршоци: поминување на знак „Стоп“ и неправилно движење по коловозот. Полицијата утврди дека возеше под дејство на алкохол, по што беше приведен.
На „bodycam-снимките“, Тимберлејк изгледа видно вознемирен, но во исто време се обидува да се шегува.
Пејачот им вели на полицајците дека го третираат како криминалец и ги нарекува „диви“ затоа што му соопштоја дека ќе ја помине ноќта во ќелија. Тој одби да направи хемиски тест по апсењето.
„Испив едно мартини и само ги следев пријателите дома“ – вели во видеото, обидувајќи се да ја минимизира количината на консумиран алкохол.
За време на тестовите за трезвеност, Џастин се жалел дека се „многу тешки“ и дека срцето му чукало пребрзо. Подоцна, тој прифати спогодба и се изјасни виновен.
Полицаецот кој го застанал Тимберлејк воопшто не знаел кој е тој.
„Очите му беа крвави, од неговиот здив се ширеше силна миризба на алкохолен пијалак, не можеше да го задржи вниманието, имаше забавен говор, чекореше нестабилно и имаше лоши резултати на сите стандардни теренски тестови за трезвеност“ – стои во неговиот извештај по апсењето, кој беше поткрепен со фотографија од пејачот.

Извори блиски до семејството, споделиле дека неговата сопруга Џесика Бил не е среќна што снимката повторно ја отвори темата, но останала покрај сопругот и се обидува да се фокусира на семејниот живот.
Џастин и Џесика заедно имаат две деца.
